Почетна Вести ВМРО-НП: Бигорски е столб на православието, веднаш да прекине линчот против монасите
ВМРО-НП: Бигорски е столб на православието, веднаш да прекине линчот против монасите

ВМРО-НП: Бигорски е столб на православието, веднаш да прекине линчот против монасите

1.32K
0

ВМРО Народна, партијата на Љубчо Георгиевски застана во одбрана на монасите од Бигорскиот манастир, кои го поддржаа договорот за доборососедство со Бугарија.

ВМРО Народна, бара да прекинат нападите и омаловажувањата врз Игуменот Партениј и целото монашко братство на Бигорски, за кое велат од Народна е столбот на православието во Македонија.

-Последниве неколку дена сведоци сме на една безумна кампања против игуменот Партениј и монашкото братство на Бигорскиот манастир, поради нивниот јасно изразен став за поддршка за добрососедството меѓу двата народа и држави. Во оваа валкана кампања се вклучија порталите на водечките перјаници на бившиот режим, како и „интелектуалци”, историчари и загрижени „патриоти” кои единаесет години беа на платен список на истиот тој режим што „патриотски” ја пљачкаше Македонија. Наспроти тоа, Владата на Никола Груевски со пари од македонските граѓани возобнови повеќе споменици (Зебрњак), стои во соопштението од ВМРО – НП.

-Некаде пред 100 години архимандрит на манастирот Св. Јован Бигорски е отец Партениј, кој заради неговото одбивање да богослужи на туѓ јазик е обезглавен од еретици облечени во црковна облека и неговото тело е фрлено во реката Радика. Жално е што МПЦ после толку години не смогна сили овој свештеномаченик во верата христова да го канонизира за светец. Денеска по игра на случајноста еден друг архимандрит Партениј на истиот Бигорски манастир одново е нападнат од недобронамерниците во Македонија, под закрила на ДПМНЕ. Историјата се повторува, само што сега масакрирањето не се врши со ножеви, туку преку социјалните мрежи и порталите финансирани од ДПМНЕ, пишува во соопштението од партијата на Георгиевски.

ВМРО-НП го повикува раководството на ВМРО-ДПМНЕ и медиумите да престанат да го напаѓаат, омаловажуваат и дискредитираат братството во Св.Јован Бигорски, а пред се архимандритот отец Партениј, затоа што на овој начин не прават ништо друго освен тоа што пробуваат да го уништат столбот на Православието во Македонија.

ВМРО-НП му дава целосна подршка на архимандритот Партениј и целото монаштво во манастирот Св.Јован Бигорски.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *