Почетна Вера Викендов Охрид центар на духовениот и црковен континуитет и непокор
Викендов Охрид центар на духовениот и црковен континуитет и непокор

Викендов Охрид центар на духовениот и црковен континуитет и непокор

659
0

Македонската православна црква викендов во Охрид ќе одбележи 1100 години од упокојувањето на Свети Климент Охридски. Овој значаен јубилеј од континуитетот на црковниот живот во Македонија, почнувајќи преку Светиклименотвата Охридска Архиепископија и денес преку нејзиното возобновување во ликот на Македонската православна црква ќе биде обележан со Света Архиерејска литургија и со свечена академија за Свети Климент Охридски.

sinod-vladiciЧествувањето на 1100 годишнината од Свети Климент Охридски ќе почне в сабота вечерта со Вечерна богослужба на Плаошник во храмот „Свети Климент и Свети Пантелејмон“.

Истата вечер во саботата во Соборната Црква Света Софија ќе биде одржана свечена академија за Свети Климент.

Централната литургија за Свети Климент е следниот ден в недела наутро, кога во Црквата „Света Софија“ во Охрид ќе биде отслужена Света Архиерејска Литургија на која ќе учествуваат сите Архиереи на МПЦ, Архимандрити и монаси и голем број свештеници.

Потоа е предвидено Архиепископот Охридски и Македонски, г.г Стефан да ја промовира книгата за „Свети Климент Охридски“.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *