Почетна Вера Торжествена манастирска слава во Рајчица – почна градбата на нов манастирски конак
51
50
49
48
47
46
45
44
43
42
41
40
39
38
37
36
35
34
33
32
31
30
29
28
27
26
25
24
23
22
21
20
19
18
17
16
15
14
13
10
9
8
7
6
5
4
3
2
1

Торжествена манастирска слава во Рајчица – почна градбата на нов манастирски конак

435
0

Сестринството на манастирот Рајчица и целата Бигорска обител, торжествени и масовно ја прославија манастирската слава за Крстовден на Манастирот „Свет Ѓеорги Победоносец“. Одбележувањето на оваа манастирска слава ќе биде дополнително запишана во историјата на овој манастир затоа што на овој ден беше поставен и камен темелникот на новиот манастирски конак.

Верници од цела Македонија дојдоа да се поклонат пред честиците од Светиот крст на кој бил распнат Исус Христос, а кои се чуваат од оваа манастирска обител.

-Домот на Светиот Победоносец Георгиј во Рајчица беше домаќин на оние кои, подобно на нашиот Спасител, животот свој го обликувале според учењето за Крстот, оние коишто цврсто решиле да живеат за Христа и ближните, а не за себе, оти духовниот човек знае дека животот му е даден не за да си угодува на себеси, туку да им служи и да ги радува другите, а тоа е радост и за него самиот. За да се стигне, пак, до таа радост, потребен е крстовоскресен подвиг за Христа.  Очигледна беше радоста на сестрите и браќата, кои со посебна љубов се потрудија секој од присутните да ја почувствува тајната на Крстот и достојно, со смирени мисли да се поклони пред Чесното Дрво, на за нас Распнатата Љубов. Неизбежно беше чувството на умиление кога во празнично украсениот и цветен храм, во присуство на нашиот достојнопочитуван Митрополит Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, и многубројниот верен народ, високо се издигна сребрениот филигрански крст со честица од Крстот Господов, небаре присутните се најдоа таму, на Голготската гора, каде што со посебно достоинство Ерусалимскиот Патријарх победнички го издигна Христовиот Крст. И како што крстот и воскресението одат заедно, така и чинот на осветувањето на темели по Крстовденската Литургија за новиот манастирски конак донесе вистинска пасхална радост кај сите присутни а особено кај благочестивата наша ктиторка и кај сестрите кои после 15 години најпосле дочекаа да го видат почетокот на проширувањето на нивниот убав дом, велат од Бигорскиот манастир.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *