Почетна Вести Верници од цел свет пристигаат во Ерусалим
Верници од цел свет пристигаат во Ерусалим

Верници од цел свет пристигаат во Ерусалим

410
0

Верници од целиот свет пристигнаа во Ерусалим каде учествуваат во процесот на одбележување на Христовото распнување.

Со дрвени крстови пеејќи химни, верниците тргнаа по патот за кој се смета дека е истиот по кој одел Исус Христос до неговото распнување. Патот наречен Виа долороса, започнува од манастирот Екце Хомо и води до црквата воскресение Христово каде што Исус бил погребан пред да воскресне. По патот има 14 таканаречени станици, каде што верниците застануваат да се помолат неколку минути пред да го продолжат патот.

Првата станица се верува дека е местото каде што Исус бил осуден на смрт, а последната е каде што се верува дека бил погребан. Овој годишен ритуал во Ерусалим, привлекува илјадници аџии од целиот свет.

Оваа година православните, католиците и протестантите го празнуваат Велигден на ист датум, што се случува мошне ретко, поради користењето на различни календари, а Велигден се поклопува и со еврејскиот празник Пасха, со кој се одбележува библиското масовно заминување на Евреите од Египет. За припадниците од христијанска вероисповед на овој ден е задолжителен постот.

Освен во Ерусалим, неколку места во светот го одбележуваат Велики петок со рекреирање на Христовото распнување на крстот меѓу кои една од најпознатите вакви манифестации се одржува на Филипините.

/ТВ. НОВА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *