Почетна Вести Надеж за христијанско обединување препознаа светските медиуми
Надеж за христијанско обединување препознаа светските медиуми

Надеж за христијанско обединување препознаа светските медиуми

81
0

Средбата меѓу патријархот на Москва и на цела Русија Кирил и римокатоличкиот папа Франциск е доминантна тема за анализа во сите светски медиуми. Главниот фокус е кризата на Христијаните во исламските држави, но неодминлив дел од анализите се и односите, внатре во христијанството, особено релациите меѓу Католиците и Православните.

Американскиот „Вашинготн пост“, анализира дека оваа средба може да помогне за решавање на хуманитарните проблеми на Блискиот Исток.

-За Ватикан овој момент е кулминација на тековните децениски  обиди да се зближи со Руската црква. Со овие преговори може да се отворат пошироки канали со Москва за помош во хуманитарната криза предизвикана од конфликтот на Блискиот Исток, вклучувајќи  го и протокот на бегалци кон Европа и злосторствата против древните христијански заедници и нивните свети места од страна на исламски екстремисти, како ” исламска држава.

Москва, пак може да ја разгледа средбата на патријархот со Фрањо како шанса да ја докаже улогата на Русија во Блискиот Исток и да побара посилни врски со Ватикан во овој тежок момент , Пишува во анализата весникот, „Вашингтон пост“.

„Ал џезеира“, пак анализира еден друг момент, а тоа е недоволно високиот степен на искрен пристап кон заштита на сите кои се загрозени од воениот конфликт во Сирија. „Алџезеира“ ги пренесува ставовите на аналитичарите кои сметаат дека Франциск и Кирил пропуштиле вистинска можност да зборуваат и за заштитата на припадниците на другите верски заедници, особено муслиманите.

-Нечесно е врховните поглавари на најголемите цркви да повикуваат да се заштитат само христијаните од прогонот на Блискиот Исток.  Морално е, а и христијански е Папата Франциск и Патријархот Кирил да повикаа да прекине прогонот на сите луѓе, а не само на Христијаните. Не се само Христијаните загрозени од настаните кои ги предизвика политиката, која всушност ја следат Патријархот Кирил и Папата Франциск, пишува во анализата, „Алџезеире“

Американската глобална телевизиска мрежа „СИ ЕН ЕН“, оценува пак дека средбата е дипломатска победа за Френсиск, кој ја има создадени вратата за отворање на дијалог, како  истакната карактеристика на неговата надворешна политика. Сепак, „СИ ЕН ЕН“, предупредува дека оваа победа за Франциск, ,може да му донесе некои ризици.

-Критичарите предупредуваат дека Кирил и рускиот претседател Владимир Путин, кои се блиски, ќе ја исккористат за да ја зголемат својата улога помеѓу православните и својата популарноста на Запад.  Средбата се случи во позадина на сегашните руски воени, политички и пропаганден акции”. Во овој момент, тоа ќе биде корисно за руските лидери, пишува „СИ ЕН ЕН“.

Британски „Гардиан“ пак го анализира неутралниот терен на средбата, посочувајќи дека настаните на Блискиот исток успеаја да направат чекор кон единство на христијаните, што беше многу повеќе од итно.

-Преку подготвувањето на оваа средба во Куба, различна хемисфера, далеку од Рим, Москва и Константинопол, со сиот свој  историски багаж на раскол и верски конфликт – Папата Френсис и Патријархот Кирил можат да си дозволат да се концентрираат на реалните опасности со кои се соочуваат двете верски заедници во 21-от век : ризикот дека старите христијани, Католички и православни, во целата територија на Блискиот Исток ќе бидат искоренети, пишува „Гардиан“

Британската „БИ БИ СИ“ пак посочува дека Патријархот Кирил, дома, ќе мора успее да го надмине гневот на конзервативците, кои се уште сметаат дека католицизмот отстапува од вистинското христијанство. Јасно е дека ова е критика тој се чувствува безбедно да се игнорира сега.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *