Почетна Вести Охрид чести бесплатен паркинг за Велигден
Охрид чести бесплатен паркинг за Велигден

Охрид чести бесплатен паркинг за Велигден

120
0

Охрид ќе биде полн со гости за Велигден и за таа цел за сите гости, Охрид, преку ЈП Билјанини извори, чести 4 дена велигденско бесплатно паркирање насекаде во градот.

Четирите неработни дена од продолжениот празничен Велигденски викенд, во Охрид ќе ги искористат голем број гости од Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и други македонски градови.

Традиционално, голем број дојдоа од регионот: Бугарија, Србија, Албанија, Црна Гора, но ќе имаме и од подалечните земји. Tука се и гостите од Холандија, Данска, годинава и Израел и Полска.

Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ ги известува граѓаните на Охрид и сите оние кои за Велигденските празници престојуваат во градот, дека на 16 април, по повод празникот, наплатната служба на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието нема да работи и паркирањето ќе биде бесплатно за сите.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *