Почетна Коментар Удбачки Епископ
Удбачки Епископ

Удбачки Епископ

1.24K
10

(објавено во дневник 16.02.2016)

Да се набројуваат навредите што досега српскиот бачки епископ Иринеј ги искажал и упатил кон Македонска православна црква би била предолга листа и непотребно повторување. Овој достоинственик, кој е еден од најодржливите и највлијателните кога е во прашање водењето на српската црковна политика, едноставно има проблем со се што е македонски идентитет. Така, последната лекција која ~ ја одржал на српската новинарка затоа што таа ја употребила синтагмата „канонски непризнаена Македонска православна црква“ барајќи да користи „скопска црква“, не е случајност.

Тоа е негово лично убедување, став, мислење, и позиција од која сите овие години не отстапил ниту има намера нешто да смени во иднината. А тоа што дава предлог на името што го користат грчките цркви, воопшто не е случајност бидејќи, како што и во српската јавност е добро познато, се работи за човек кој во белградската патријаршија секогаш одработува за грчки интереси.

Всушност, за личност која првенствено одработува за сопствените интереси и во кое име толку често ги менува позициите и сојузниците заради што во јавноста веќе го добил и прекарот „трансфромерс“.

Оти, на пример, ова личност која во младоста бил зилот ненадејно станува најголем екуменист. Некогашен доверлив човек на Слободан Милошевиќ и на неговите кадри, со промената на власта веднаш се доближува до обединетата српска опозиција, потоа до тогашниот претседател Борис Тадиќ, а потоа „благовремено“ оди во посета на идниот претседател Томислав Николиќ додека штрајкува со глад во една белградска болница…

Истовремено, изигрува и автономаш кој се залага за поголеми права на Војводина, од каде што за возврат добива голем црковен имот во процесот на денационализацијата и на кој сака од Бачка да направи нова Византија, а од друга страна постојано е на браникот на Голема Србија. Накусо, се работи за човек кој изигрува и зилот и екуменист, гркофил, папофил, русофил…

Оние што го знаат велат дека како млад монах во познатиот манастир Дечани ништо не можел сам да сработи, а подоцна, монаштвото го заменува со долгогодишниот престој во Грција каде што докторира и одлично го научува грчкиот јазик. Оттаму пишува антиекуменистички писма на кои сега не се сеќава. Подоцна, благодарение на врските со српските државни власти станува редовен универзитетски професор, се етаблира во црковната структура во која брзо излегува во првите редови. Таму е и сега, каде во текот на долг период стои зад отстранувањето на повеќе владици, заштита на оние колеги кои зад себе имаат педофилски и хомосексуални скандали, и создавањето на групата на свои приврзаници на кои може да смета во секое време.

Сега е достоинственик кој силно го поддржува прозападниот вселенски патријарх, но и епископ кој сака да си добие значајно место во релациите со рускиот патријарх. Едноставно кажано, епископ за сите промени и употреби. Затоа, кога таква личност упатува нова навреда тогаш е јасно дека ја чувствува одредената сила добиена по неодамнешните големи црковни случувања. А таа, очигледно, се базира на рускиот црковен успех, заради потребата да се спречи нова автокефална црква во Украина, да воведе принцип на консензус во одлучувањето и јасни правила за автономијата.

СПЦ која сака да ја сопре МПЦ веднаш се најде во рускиот табор и со што сега се надева на руската поддршка. Истовремено, со држењето на лекции на новинари за тоа како треба да се употребува името „скопска црква“, се дава и повторен сигнал на вселенскиот патријарх и на грчките цркви дека српската црква е на нивна страна кога е во прашање негирањето на македонскиот црковен и народен идентитет.

Во сите трансформации кои во текот на својот живот ги има направено овој епископ, всушност, константа му е само една – а таа е постојаното негирање и отфрлање на македонскиот црковен и национален идентитет. Сега само дава уште еден доказ за тоа и со што повторно потврдува дека се во право оние македонски владици кои велат дека додека е тој во врвот на СПЦ македонското црковно прашање не може да се реши. Во тоа име бачкиот епископ јавно се пресметува и со оние свои колеги (Лаврентие) што макар и малку влеваат надеж дека има решение за македонска автокефалност.

Но, тоа е работа и проблем на самата СПЦ, односно, на нејзините достоинственици кои сами треба да проценат дали оваа црква треба да ја водат владици што имаат таква биографија зад себе како овој бачки епископ.

Тој само одново потврди она што се наслутуваше и порано: тоа дека СПЦ, односно, овој епископ не сака ни да слушне за македонска црковна автокефалност и дека по секоја цена сака неговиот пулен и марионета Јован Вранишкоски да биде основ за решението. За него и со право се кажува дека во омразата која ја има успеал да растури сето она позитивно доближување меѓу МПЦ и СПЦ кое се случило во времето на патријархот Павле. Сето тоа во име на докажувањето на лојалноста кон Вселенската патријаршија и кон грчката држава.

BrankoНеговиот план ќе трае додека има нечии интереси за такво нешто и кои му не дозволуваат на македонскиот народ да си го добие она што заслужено му припаѓа. Kога ќе се сменат тие интереси, ќе се смени, ќе се трансформира и бачкиот епископ, а тоа нема да му биде првпат.

Бранко ЃОРЃЕВСКИ

Коментар(10)

  1. Terminot utopija se odnesuva bas na ovoj episkop na SPC. Toj e edinstvenata licnost koj na terminite: utopija, iluzija, fantazija, im pridava apsolitna vznost i gi primeniva kako modus vivendi–nacin na zivotot. Toj niti e teolog, nitu poznavac na teologijat, na istorijta, osobeno ne crkvenata, nitu e vizionar, a pred se ne e nitu hristijanin, nitu po genezi, nitu po ubeduvanje. Toj e samo eden smeker i folirant, dodvornik na site polticari i vlijatelni licnosti, a kon pocinetite, spored crkovnite propisi eden sirov despot, diktator. Toj za realniot zivot ima respekt, kao sto ima respekt vol za tele. Pa toj e edinstveniot slicaj vo svetot , koj eks katedra, i toa crkovna go eksponira odamna propadnatoto Jugoslovensko kralstvo , Kralstvoto na SHS. Da e eksponent na nspr,nekoe srpdko propadnato kralstvo, i srpsko knezevstvo , pa vo red, a toj na ona kralstvo od koe sekoj si gi mie racete.Toj e istoriski, verski, religiozen i humanitaren daltonist. So eden zbor , toj e se, samo ne e ona za sto vazi, episkop na edna pravoslavna crkva. Toj nikogas ne se izjasni za pedofilijeto i homoseksualizmot na trojcata negovi, vo Hrista bratija, Pahomie, Filaret i Kacavenda. Tuka usta ima jazik nema, oci ima, a ne vidi, usi ima , a ne cue. Toj , se do propasta na komunizmot i rpojavata na politickiot pluralizam i rehabilitacita na crkvata medju Srbite kao faktor,vazese samo za edno kalugeriste , so prikriena nacionalna pripadnost,(se spekulira deka e cigan, slavonec, dalmatinec , pa i makedonski cincar) koe samo se smucase po grckite manastiri
    , bidejki se kriese od svoite vrsnici , od mladinata vo sredinata od kade poteknuva. Za vreme na prestojot -smucanjeto, po grckite manastiri, uspesno se kamufliral vo grcko -srpski kaluger, a dobro se napoil so fanariotskiot stav prema se sto ne e grcko i osobeno pak toj od srpski apekta–se sto ne e srpsko, a vo ovoj slucaj protiv se sto e makedonsko, drzava, jazik, pismo, kultura, a osobeno crkva i samo vo toa e jak vo negiranje na se sto makedonsko, a osbeno pak toa da go prezentira na neukite, neobrazovanite,po crkvena istorija, novinari, osobeno pak one koi se podlozni na srpskiot naboj. So mene na sak da razgovara na taa tema. tri pati mu zakazuvav sredba pred kameri,javen nastap vo emisii koi ja tretiraat taa tematika, toj ne sakase, izbegna da gostuvame. Demek, toj ima uspeh samo kaj neukite, kako sto se ovie cetvorica sto gi regrutiral ,prthodno mudro i lukavo nakituvajki gi so, gledaj ironija, najvisoki srkveni tituli i zvanja, da bi gi pratil kako menadzeri na Programata na suremacija, zadusuvanje na MPC vo Makedonija. Codu e, vo stranstvo ne, samo vo Skopje. Toa zato sto toj , iako dobro go poznava Makedonskiot jazik, ne saka nikade da procita deka MPC ima eparhii i sirom svetot
    Vo seto tao, za cude e sto tolku lukav mu uspea na Vraniskovski da go izlaze deka vo Makedonija postoi sipatija kom SPC, da bi od nego i odisto tolku lukaviot i mudriot crnogorec Akfilohije dobie tolku visok cin i sredstav za zadusuvanje na Mpc.

    1. Profesore, likot za koj pisuvate e po poteklo makedonec, od selata vevcanski. Dopustam deka e vlav, cincar, bidejki tamu ima i vlaski sela (okolina na Struga). Ne vredi da si trosite tolku zborovi za eden lik, cij vnuk (sin na negovata sestra), bese osvedocen kriminalec so bogata kriminalna biografija vo Subotica. Vikam bese, zatoa sto proleteoska bese ubijan. Ako vujce ne mozel da e spasi dusata na svoj vnuk i da go izvedi na prav pat, od toj i takov lik ke ocekuvame nesto dobro da stori, nesto pametno ka kazi ili duhoven podvig da napravi?

  2. Kulku e mudar Ud-backiot episkop se vidi po toa sto za zadusuvanjeto na Makednskata crkva, crkva so 11,12 eparhii, crkva so primat medju crkvite od slovenska proviniencija , poteklo i ugled i tradicija regrutiral, angaziral paralelna erarhija na celo so eden avtoritet , ali neuspesen od oblasta na gradeznoto zanaetcisto, gradezen visokokvalifikuvan majstor, sovremeno narecen inziner, koj otkako ne se proslavil vo neimarstvoto, dungerstvoto, se brznal da se proslavi na poleto na teologijata.Pokraj nego, vo pozivot mu se pridruzil i eden koj se istaknal kako rasturobracnik, (brakot mu , za zal bil bezdeten), pa otkako uvidel deka vo brakot nema da ima usph, se brznal i toj da se proslavi na poleto na teologijat. Tretiot pak , otkao ne uspeal da se proslavi kako reporter na sportskite natprevari, mozi ne mu odelo reprterstvot, pa si resil srecata da si ja pobara v crkvata, na poleto na molitvata i poviznickto monastvo. Znaci i toj nema vrska so crkvata. E cetvrtiot e so sredno bogoslovsko obrazovanie badijala steknato vo MP Bogoslovija vo Dracevo, inaku rodnina na prviot. za neupatenite vo crkovnata problematika tie se eksponenti na Programata na zadusuvanjeto na MPC i rehabilitacija na srpstvoto i politikata na propadnatiot dvor na Jugoslovenskoto kralstvo. Kralstvoto na SHS. Taa cetiriclena erarhija ima zadaca da go prosveti makedonskiot vernik deka ne treba da ima svoja crkva, tuku srpskata crkva treba da e i negova crkva, vladikte hirotonisani na Kalimegdan , a po poteklo od Bosna Lika., Kordun ili Valjevo , privrzanici na Ravnogorskiot pokret, da se i vladici i na makednskiot vernik. No nikako da svatat deka tie vreminja se samo minatost za Makedonija.

  3. Овде се од муве прави медвед. И ствара тензија без икакве потребе . Сам назив “Скопска Црква ” не би требао бити увредљив. У Грчкој се и СПЦ назива “Београдска Црква “. Они имају један правилан начин именовања помесних Цркви ,а то је именовање по седишту . Тако је било у Православном свету све до појаве јереси етнофилетизма када се многе помесне Цркве почињу називати по нацији. Тако смо имали Константинопољску, Александијску, Антиохијску, Јерусалимску,Московску, Трновску , Пећку, Охридску, Букурештанску итд . И тада је Света Саборна и Апостолска Црква била јединственија. Од како је се увукао етнофилетизам ми свугде имамо расколе и деобе. Мислим да је једно од решења враћање старих назива помесних Цркава иначе етнофилетизам ће скроз урушити јединство Саборне Цркве. Сам назив СПЦ је тек из 1929. и потпуно је етнофилетистики . РПЦ је од скоро увела стари назив Московски Патријатхат ,а по новом нацрту устава СПЦ ће се највероватније звати Патријаршија Пећка и Београдско-Карловачка. Када се зна да је седиште МПЦ ОА у Скопљу не би требало никога да љути назив Скопска Црква. Ово нема никакве везе са нацијама . Тешко оној нацији која свој идентитет гради на националној Цркви. И Црква уопште није ни битна за један национални идентитет колико неки погрешно мисле. Пример. Српска нација је настала у време када није постојала Пећка Патријаршија ( укинута 1766) и у време националног буђења Срби су били под шест различитих црквених јуруисдикција . У Цркви смо “сви једно у Христу”,

  4. Одлична анализа на авторот на текстот.
    За жал бачкиот епископ на Српската православна црква е докажан непријател на македонскиот православен народ, а и на секој што не се согласува со агресивниот екуменизам присутен во Светосавската диецеза во последните десетина години.

    Обновената Охридска Архиепископија, единствено во лицето на Македонската православна црква, отсекогаш била и ќе биде македонска Црква. Македонија е Светиклиментовата диецеза и секој друг кој сака да наметне своја, туѓа за нас Македонците, јурисдикција е нашественик и лажен пастир.

    Национал-шовинизмот, како кај Србите, како кај Грците, така и кај нас Македонците, не треба да најде место и да свива кукавички гнезда во лоното на Православната Црква.

    Во Христа сме сите едно, зашто Една е и Верата Света, Апостолска, Православна, која вселената ја утврди.

  5. Odnosot na SPC kon MPC , dirigirana od ovoj kontraverzen srpski vladika , nemaat ama bas nikakva vrska so religijata, bogoslovieto i pravoslavnite kanoni. Toa dejstvie e samoizraz na politicte frustracii koi gi zastapuvaat povampirenite sovinisti i nacionalisti od kriloto na SPC, ko se von domasajot na sekakva humanost i poboznost. Se e toa daleku od pobznosta i pripadnosta na verskoto cuvstvo Nema toa nikakva vrska so verata i misijata na crkvata. To e samo licna gordoet, sueta i niskost. No sepak toa postoi , bidejki nikoj nema ovlastuvanje takvoto dejstvie da se goni po sluzbena doznost.

  6. Ставот на овој Удбачки епископ не е и став на православието,ниту еклисијастиката. То ае лечен негов став, но за жал тој негов став тој мудро го наметнува и на другите особено на оние кои му се потчинети. Тој негов став не само сто не е црковен став и сто нема никаква врска со учењето на Светото писмо и сСветото предание, туку е штетен за црквата, деструктивен.

  7. Овој пред се Србин, е далеку од теологијата и религијата, далеку од историјата и реалноста и најпосле далеку од владичанскиот позив . Тој пред се е националиста , опиен и ослепен од идеите а Рамногорскиот покрет, од идеите на Љотиќевците и Недиќевците., а никако теолог, владика и молитвеник пред Господа. Тој е само еден лицемер и циник, еден вообразен , моќен калугер во СПЦ, еден прав подопашник,а кој успеал да ги придобие овие четворица наивни македонци црквеноисториски необразоваи, а властољубиви и среброљубиви , лажно да ги убеди дека е можно некој тек така да им го поклони торонот на Охридските архиепископи на нив само поради тоа што така одлучиле старците, расофори од Калемегдан
    За овој Српски далтониста , не постои 19 век , сумракот на Отоманската империја, кога се буди националната свест кај сите Балканнски народи, за него не постои идејата за Балканска федерација заради отпор на Турците, не постои Илинден, не постои салом , пад , крах, на Краљевина Југославија, 6 април 1941 , заседание на АВНОЈ, АСНОМ; За него само постои Монархија Србија , а се друго е само нејзина негација . Затоа велам дека е тој историски незналица, екстремен националиста, и политички далтониста, а не епископ не православна црква.

  8. Овој српски епископ е изумител на теоријата дека, кај год да има црква или манастир во Македонија , се е тоа дело на кралеви Срби. Србите се граделе во Македонија дури и кочини, кокошарници , па и нужници. За мостови и солитери ништо не вели. Според него Македонци не знаеле за мистрија да се фатат. Кога српските цареви, кралеви , деспоти и друг вид велможи ги граделе црквите и манастирите по Македонија, кралиците, принцезите , деспотиците им спремале и носеле малтер, вода и др. градежен материјал и им готвеле јадење. Македонците за тоа време седеле в сенка и пиеле пиво и само кроеле планови каде сега треба да им се подинге друг манастир или црква , српските моќници само им ги исполнувале желбите. Владикава не спомнува од каде го донесувале градежноит материјал. Не наведува каменот, бидејки претежно се градело со камен од каде бил донесуван, дали од Копаоник , Раковица кај Белград, или од каменоломот од Арангеловац.
    Во друга пак теорија , тој како српски владика толку го воздигува Тито , да го изедначува со светите рамноапостолни браќа Кирило и Методија, Вели дека Тито им створил црква на Ммакедоците, пред него тие немале црква. Верувам дека тој мисли, дека Светата литургија во МПЦ започнува со Друже Тито ми ти се кунемо, наместо со –благословен бог наш, наместо крст се опотребува петокрака. Демек се е можно да се чуе од овој велечасни , носител на папски прстен,великосрпствујушчи епископ

  9. Кратковидоста на овој , како го ословувате ,,мудрец и позавач а религијата,, велечасен владика може да се проценува од друга страна . Имено, неговиот став и однос кон прашањето за меѓуцрквените одоси се согледува во многу негативен контекст. Тој не е свестен дека неговите постапки само водат во поголема изолација и на Србите верници во Македонија од својата духовна матица-Српската црква , а исто така и на Македонците верници кои живеат во Србија . Единствено Македонците во Србија се во духовна изолација од својата матица–Македонска православна црква. и обратно. Македонците во целиот свет ја имаат таа привилегија да се во врска со татковината преку својата црква, освен во Србија и обратно. аместо да се договорат тоа прашање да се реши на обостран интрерс и задоволство, тие само се инатат и прават циркус без граници. Овој владика како највлијателен во СПЦ мисли дека со таквата дејност му принесува жртва на Бога

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *