Почетна Вера Светиот крст во Струга го фати Дарко Паскоски
Светиот крст во Струга го фати Дарко Паскоски

Светиот крст во Струга го фати Дарко Паскоски

65
0

Триесет и петгодишниот Дарко Паскоски од Струга го фати Светиот крст во водите на Црн Дрим.

Во тековната година, како што рече, очекува духовно и телесно спасение. – Да помогне како за мене така и за сите кои се молат и веруваат во Господ Исус Хростос. Очекувам здравје, духовен убав и мирен живот. Најголемо богатство е што го фаќаме крстот, духовното и телесното спасение, изјави Паскоски.

Тој истакна дека скока скоро секоја година, а ова е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, г. Тимотеј.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *