Почетна Вера ГАЛЕРИЈА: Тројца Архиереи и во Прилеп

ГАЛЕРИЈА: Тројца Архиереи и во Прилеп

557
0

Архиепископот г.г. Стефан, Митрополитот Петар и Епископот Хераклејски Климент, за денот кога православна црква го празнува споменот на трите ерарси кои се кај нас познати како три светители, заеднички отслужија литургија во соборниот храм „Св. Благовештение“  во Прилеп.

Три светители се всушност, трите најголеми ревнители, поборници на православието и големи црковни великани: Св. Василиј Велики, Св. Јован Златоуст и Св. Григориј Богослов. Воедно Светите Три Светители се патрони на бакалскиот еснаф во Прилеп.

На оваа литургија присуствувал и Градоначалникот на Прилеп  Марјан Ристески , кој оваа година е домаќин на денешниот ден.

Ова убаво традиционално одбележување на овој  верски празник ја симболизира сплотеноста на еснафот кој организира редовно  и заеднички ручек.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *