Краткиот документарен фил, филмот „Страсна Седмица – Бигорски манастир“, на охридски фотограф и камерман Томе Љушев – Шпанец, ја доби престижна награда на јубилејниот 25-ти Меѓународен фестивал за аматерски документарен филм „Камера 300“ што се одржа во Битола.
Меѓу 42 учесници од Србија, Бугарија, Велика Британија, Германија и Шпанија, филмот „Страсна Седмица – Бигорски манастир“, успеа да го освои златниот медал на UNICA, и да се закити со плакета.
-Но она што е поважно е дека тој, преку филмот, на присутните учесници вешто им пренесе дел од таа неземна атмосфера и од благодатното чувство што ја обзема душата на богослужбите за време на Страсната седмица во Бигорскиот манастир. И секако чудесната благодатна светлина и неописливата радост што блика од секое лице во мигот на Христовото Воскресение. Неговиот документарен филм ги освои симпатиите како на меѓународното жири составено од: Стефан Сидовски, Мишо Нетков, и гостите од странство: Станимир Трифонов, Јосип Гроздановиќ, и Владимир Анѓелковиќ, така и на сите кои низ снимениот материјал имаа прилика можеби за првпат да го доживеат она што се случува секоја година во тие свети денови во Бигорското светилиште и да посакаат и тие самите да станат дел од големото мноштво верни што ги споделуваат со монасите тие прекрасни доживувања, велат од Бигорската Обител.
Музиката за филмот е на Мартин Милески и Александар Јосифовски.
Погледнете го краткиот документарен филм: