Овие видео снимки на британската „Ченал4 њус“, снимени од дрон, ги покажуваат катастрофалните последици од воениет судири во Сирија.
Некогашниот трет по големина град во Сирија, Хомс и административен центар на истоимената област, денес личи на град на духови.
Според статистичките податоци од 2009 во Хомс имало 1.250.650 жители. Денеска речиси и да нема никој. Но, овие фотографии покажуваат дека во овј град, кој и да го освои, дали владеачката сириска армија, бунтовничлката опозиција, или пак Исламската држава, уште долги години нема да има ништо, освен мрачни спомени од војната. Во Декември 2015 од него се повлекоа бунтовниците и практично тој е под контрола на Сириската армија.
Во Хомс, практично и почнаа најголемите демонстрации против власта на Башар Ал Асад. Во овој град, доминантно населени до 2011 година беа сунитските муслимани. Но, овој центар беше и еден мултирелигиски град. Во него, како малцинство живееја и сириски и грчки православни верници.
Во градот имаше голем број на христијански цркви и муслимански џамии.
Хомс, за прв пат се споменува во 2300 пред новата ера. Во римско време се нарекувал Емеса, а во библијата како Кадеш.
Христијанството е доминантна религија од III до VII век. Потоа го освојуваат Арапите.
Непосредно до Хомс се наоѓа и познатиот Замок од крстоносните војни од средниот век. Во градот е и гробот на познатиот исламски војсководец и следбеник на Мухамед, Халид Ибан Валид.