Почетна Репортажа Видео Поп естрадата ја отпеа „Вечниот Бог“

Поп естрадата ја отпеа „Вечниот Бог“

814
0

Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и со Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јануари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Песната е снимена во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а аранжманот е дело на Владимир Димовски.

Погледнете го величествениот спот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *