Почетна Вести Европа Советот на Европа – Руската црква е соучесник во воени злосторства
Советот на Европа – Руската црква е соучесник во воени злосторства

Советот на Европа – Руската црква е соучесник во воени злосторства

1.23K
1

Парламентарното собрание на Советот на Европа е злуоупотребата на религијата што Владимир Путин и Руската православна црква ја прават во името на идеологијата „Руски свет“. Во резолуцијата од 17 април оваа година што ја усвои парламентарното собрание на Советото на Европа ги повика сите држави да го третираат патријархот Кирил и руската православна црква како идеолошко продолжување на режимот на Владимир Путин, соучесник во воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени во името на Руската Федерација и идеологијата Руски Мир.

-Режимот на Владимир Путин се обврза на неоимперијалистичката идеологија на Руски Мир („рускиот свет“), која Кремљ ја претвори во алатка за промовирање војна. Оваа идеологија се користи за уништување на остатоците од демократијата, за милитаризирање на руското општество и за оправдување на надворешната агресија за проширување на границите на Руската Федерација за да се вклучат сите територии кои некогаш биле под руска доминација, вклучително и Украина. Хиерархијата на Московската патријаршија на Руската православна црква, вклучително и патријархот Кирил, се залага за идеологијата Руски Мир, прогласувајќи ја војната против Украина и „сатанскиот“ Запад за „света војна на сите Руси“, повикувајќи ги православните верници на жртви самите за својата земја. Собранието е згрозено од ваквата злоупотреба на религијата и искривувањето на христијанската православна традиција од страна на режимот на Владимир Путин и неговите полномошници во хиерархијата на Московската патријаршија. Собранието ја осудува ваквата реторика и нагласува дека поттикнувањето на кривично дело агресија, геноцид и воени злосторства е кривично дело само по себе. Собранието ги повикува сите држави да го третираат патријархот Кирил и руската православна хиерархија како идеолошко продолжување на режимот на Владимир Путин соучесник во воените злосторства и злосторствата против човештвото извршени во името на Руската Федерација и идеологијата Руски Мир, стои во точката 13 од резолуцијата на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Во заклучоците Собранието ја повикува Руската Федерација да дозволи независна и транспарентна меѓународна истрага за смртта на Алексеј Навални, вклучително и преку меѓународна истражна комисија, која би можела да ја формираат телата на Обединетите нации или други меѓународни организации. Истовремено повикува да престане прогонот против членовите на семејството, соработниците и поддржувачите на Алексеј Навални во Руската Федерација и во странство.

Собранието исто така ја повикува Европската унија и сите држави кои имаат закони за санкции од типот Магнитски да ги вклучат во нивните списоци со санкции лицата директно одговорни и кои учествуваат во прогонот, малтретирањето и смртта на Алексеј Навални.

Советот на Европа ги охрабрува земјите-членки и набљудувачи на Советот на Европа и Европската унија да признаат дека Руската православна црква всушност се користи како инструмент за руско влијание и пропаганда од режимот на Кремљ и нема никаква врска со слободата на вероисповед и слободата на изразување гарантирана со член 18 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права;

Коментар(1)

  1. Смешна е институцијата што се занимава со ова прашање. Кредибилитет: бесконечен минус! Небаре знаат нешто за Православието. Унија на земји во кои црковни храмови се продаваат за пренамена во кафани и во разни други комерцијални цели заради опаѓање на интересот за тамошните христијански, неправославни конфесии. И од тие редови потекнуваат горе споменатите стручњаци за чистота на Православието. Да се ораа така нивите Божји одамна ќе го видевме рајот на земјата. Ама затоа гледаме нешто друго. Расслабен и духовно изнемоштен Запад, неподготвен за покајание, со прст вперен кон Исток до исушивање.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *