Почетна Вести Европа Вселенската патријаршија – секоја нација и држава која сака може да има автокефална црква, па и Македонија и Црна Гора
Вселенската патријаршија – секоја нација и држава која сака може да има автокефална црква, па и Македонија и Црна Гора

Вселенската патријаршија – секоја нација и држава која сака може да има автокефална црква, па и Македонија и Црна Гора

1.17K
0

Архиепископот на Вселенската Патријаршија, Данило, кој беше дел од процесот на признавање на Украинската автокефалност, во изјава за БИ БИ СИ, рекол дека го поддржува правото Македонија и Црна Гора да имаат свои автокефални цркви.

По завршувањето на четиримесечната мисија во Украина, каде беше дел од тројцата владици на Вселенската патријаршија кои ги вршеа припремите за соборот на обединувањето на новата украинска православна црква, Архиепископот Данило во своето прво интервју за БИ БИ СИ, покрај на многуте прашања, зборувал и за фактите дека до одржувањето на Сеправославниот собор на Крит, кој го бојкотираше Руската црква во Православниот свет изгледало дека Православието е стабилизирано и дека какви било промени во диптихот на помесните автокефални цркви не биле предвидени, но сега по решавањето на украинското црковно прашање, можен е расплет и прашањата со црквите во Македонија и Црна Гора.

-Ја поддржувам тезата дека секоја нација и секоја држава, која сака православна црка, има право да ја основа и да побара признавање на својата црква од другите православни цркви, вклучувајќи ја и Македонија и Црна Гора, изјавил Археипископот од Вселенската Патријаршија, Данило.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *