Почетна Вести Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Берлин
Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Берлин

Исламската држава ја презеде одговорноста за нападот во Берлин

90
0

Ирачката организација „Народен фронт за мобилизација“ тврди дека одговорноста за терористичкиот напад во центарот на Берлин ја презела „Исламската држава“ (ИД), јавуваат германските медиуми.

1Ирачката организација своето тврдење го базира на податоци од џихадистички профили на социјалните мрежи во кои влегле нејзините членови со помош на технологија за декриптирање.

„Народен фронт за мобилизација“ е организација формирана од ирачката влада а составена е од 40 различни вооружени групи од сите верски, етнички и политички профили во Ирак кои што имаат цел борба против Исламската држава.

Пред три недели ИД ја презеде одговорноста и за нападот на сомалиски бегалец кој нападна студенти на универзитет во Охајо а предходно презеде одговорност и за нападите во Ница, Париз, Брисел и неколку инциденти во Германија.

Германското разузнавање инцидентот на плоштадот Брајтшајд до црквата Кајзер Вилхелм во Берлин го истражува како да е терористички напад.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *