Почетна Вести Руската православна црква бара да се изучува прогонот на Христијаните во Комунизмот
Руската православна црква бара да се изучува прогонот на Христијаните во Комунизмот

Руската православна црква бара да се изучува прогонот на Христијаните во Комунизмот

399
1

Руската Православна Црква разработуваа методолошки упатства за спроведување лекции во училиштата посветени на страдањата на верниците за време на болшевичката комунистичка власт. Овој начин на изучување на односот на Комунизмот кон верата, РПЦ бара да се изучува во образовниот систем во Русија.

1-За државните и општински образовни организации, тој курс е препорачан да биде надвор од предавањата, во изборните активности, за да се фокусираат вниманието на децата врз подвигот на сонародниците кои пострадаа за христијанската вера и нивната верност кон Црквата во текот на првата половина од XX век, стои во документот, подготвен од специјалисти при Синодалниот оддел за образование и катехизација, во врска со 100 – годишнината од Октомвриската револуција.

Особено внимание се препорачува да се оддели на проучување на подвигот на царското семејство на Николај II.

Се предлага децата да посетуваат музеи, споменици на новомачениците како што е Бутовскиот полигон во Подмосковјето, да одржуваат средба со блиски, духовни чеда, проучувачи на подвигот на новомачениците кои собираат материјали за нивниот живот, како и да учествуваат во изложби со таква тематика, конференции и семинари и филмски проекции.

 

Коментар(1)

  1. Ne i e loša ova programa na RPC. Navistina komunistite se borea pritiv Crkvata i rigorozna ja progonuvaa sekade kade što bea na vlast i ja smetaat kako antidržaven element.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *