Почетна Вести Жените си отворија Џамија во Данска
Жените си отворија Џамија во Данска

Жените си отворија Џамија во Данска

1.01K
0

Данска ја доби првата џамија во која сите имами се жени. Шерин Ханкан е муслиманка, родена во Данска и таа ќе раководи со Џамијата во Копенхаген со идеја да отвори дијалог за „патријархалните структури“.

Ханкан е родена во брак од татко Сириец и мајка Финкиња и вели дека Џамијата, озвен за петочните молитви, ќе биде отворена и за мажи и за жени, а сите имами ќе бидат жени.

-Патријархалните структури стана нормални во нашите верски институции. Не само во исламот, туку и во јудеизмот, христијанството и другите религии. Ние сакаме тоа да го оспориме, изјавила Ханкан

Ханкан е добро познат коментатор и автор во Данска и таа вели дека „исламската традиција им овозможува на жените да бидат имами“ и дека поголемиот дел од критиките се темелат на не знаење.

Слични проекти од страна на муслимански жени постојат во неколку други земји, вклучувајќи ги САД, Канада и Германија.

Во изминатите две години, исламот добива на интензитет во Данска. Има околу 270.000 муслимани кои живеат во земјата, а првата џамија во Данска беше отворен во 2014 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *