Почетна Вести Вартоломеј стаса на Крит: Црквите кои нема да дојдат ќе понесат одговорност
Вартоломеј стаса на Крит: Црквите кои нема да дојдат ќе понесат одговорност

Вартоломеј стаса на Крит: Црквите кои нема да дојдат ќе понесат одговорност

786
0

Krit-Akademija-Sobor 1Вселенскиот Патријарх Вартоломеј за последен пат ги повика сите православни цркви да дојдат на закажаниот Собор. Оваа порака Патријархот ја испрати од аеродромот на Крит каде попладнево долета.

-Радоста за овој историски настан е помрачена од решенијата на некои цркви да не дојдат на Светиот и Голем Собор. Тоа се решенија од кои последиците ќе бидат нивни. Сепак се надевам дека тие цркви ќе ги преразгледаат решенијата и ќе дојдат на Крит и така и тие ќе имаат радост да го почувствуваат гостопримството на Критјаните, изјавил кратко Вселенскиот патријарх по слетувањето на Крит.

Според протоколот за работата на Соборот до утре на пладне треба да пристигнат поглаварите на помесните цркви со своите делегации.

Тогаш и официјално ќе биде јасно која црква ќе учествува, која не.

СПЦ во последен момент го смени својот став и најави учество на Соборот, кој пак ако не биде одложен СПЦ ќе го напушти.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *