Почетна Вести Ново светилиште во евродијаспората
Ново светилиште во евродијаспората

Ново светилиште во евродијаспората

454
0

Во недела во црковната општина во Неиве во Италија, дел од Европската епарија на МПЦ, ќе биде осветана првата крстилница – параклис посветена на Свети Јован Крстител, јави Македонската телевизија.

Во Италија со престој и работа има околу 10 илјади Македонци, дел од нив сезонски работат, но има и фамилии кои таму живеат веќе две децении. За нив осветувањето на крстилната – параклис посветена на Свети Јован Крстител е потврда за нивната сплотеност. Потврда на желбата која ја носат  да го зачуваат идентитетот, верата, црквата.

-Ако пред осум години скромно го осветија иконостасот поставен во изнајмена црква, денес се радосни затоа што в недела, чинот на осветувањето ќе биде печат за сработеното. Несебично се даваат и одвојуваат време, за да се вградат себеси и да остават печат за нивните поколенија.

Црквата е матицата на македонскиот народ без разлика дали е во татковинта или надвор од неа. Во регионот на северна Италија има две црковни општини, едната во Пјаченца, а другата во Неиве, каде ќе биде осветена крстилницата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *