Почетна Вести Јероним: Бегалците се трагедија и за Грција
Јероним: Бегалците се трагедија и за Грција

Јероним: Бегалците се трагедија и за Грција

175
0

Грчкиот архиепископ, Јероним ја потенцирал агонијата и трагедијата во која живеат бегалците, а особно последиците кои ги има грчкото општество. Поглаварот на ГПЦ предупредил дека состојбата и понатаму ќе ескалира и дека е потребно нејзино решевање.

Во истовреме тој изразил резервираност во поглед на улогата што во оваа криза ја имаат невладините прганизации.

-Нашата одговорност е голема. Ние сме во ќор-сокак. Додека од една страна се справуваме со економската криза, од друга доаѓа прашањето на бегалците. Тие повторно ќе се вратат. Сите оние луѓе кои одат кон Европа, не значи и дека ќе успеат да стасаат. А ако не  можат да одат нагоре, нема да можат ниту да одат надолу, назад кон нивните држави. Тоа значи дека можат да останат овде и кризата дополнително да се продлабочи, изјавил Грчкиот архиепископ, Јероним, предупредувајќи дека такво сценарио за Грција би било трагедија.

Тој смета дека бегалската криза е почеток на една трагедија која може да потрае и еден цел век, посочувајќи дека овие настани не се случајни, туку организирани.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *