Почетна Вести Христијанство МПЦ-ОА ќе го прогласи Јоаким Крчовски за Светител
МПЦ-ОА ќе го прогласи Јоаким Крчовски за Светител

МПЦ-ОА ќе го прогласи Јоаким Крчовски за Светител

522
0

Македонската православна црква ќе го канонизира игуменот Јоаким Крчовски. Одлуката веќе е донесена, а прогласувањето за светител ќе биде на 21 и на 22 мај оваа година во Манастирот Свеи Јоаким Осоговски кај Крива Паланка.

Прогласувањето на Јоаким Крчовски и неговото вбројување во диптихот на светители е по предлог на Кумановско-осоговската Митрополија.

Светителот ќе биде каконинизран како Свети праведен Јоаким Крчовски, учител и просветител.

Пред самиот чин на канонзација претходи работа на специјално составена црковна комисија, која има за цел, составување на служба за светителот;  одредување на датум кога се слави;  внесување во црковниот календар;  цртање на икона; собирање на материјали, сведоштва за светиот живот на истиот, односно пишување на житие; сведоштва за извршени чуда, односно, сведоштва на услишани молитви од страна на светиот; нетлени мошти.

Јоаким Крчовски живеел од 1750 до 1820 година и се смета за еден од првите македонски просветители како свештеник и учител. Нема точна потврда каде е роден, но според одредени историски записи потекнува од Кичевски, Осломеј. Починал во 1820 година, три години по неговото замонашување.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *