Почетна Вести Меланија Трамп се молела за болно момче во Ватикан – по неколку часа се случило висинско чудо
Меланија Трамп се молела за болно момче во Ватикан – по неколку часа се случило висинско чудо

Меланија Трамп се молела за болно момче во Ватикан – по неколку часа се случило висинско чудо

722
0

Првата дама по посетата во Ватикан ја посетила детската болница “Бебе Исус” во Рим каде запознала и се дружела со многу деца.

Во болницата се запознала и сликала со дете од Грција на кое очајно му требало трансплантација на срце. Првата дама го држела за рака, таа слика го обиколи целиот свет.

Меланија со децата се фотографирала и правела селфи, разговарала со нив, им ги потпишувала завоите, се шегувала и смеела со нив, а потоа заминала во капелата во болницата каде се молела за здравјето на сите болни деца.

“Изгледа дека Бог ја слушна”, пренесуваат светските медиуми, а пишува Деили Меил.

Само неколку часа по нејзината посета таа на својот профил на Твитер објавила дека е пресреќна бидејќи детето кое го држело за рака добило донатор на срце.

– Штом стигнав во Белгија слушнав дека детето и неговите родители веќе нема да имаат потреба за грижа, пронајден е донатор на срце – објавила Меланија.

– Читав книга и го држев за рака тој мал херој само пред неколку часа, моето срце е преполно од среќа откако ги слушнав убавите вести – напишала таа.

Како што пренесуваат портпаролите на претседателската двојка, на Меланија оваа посета особено и паднала тешка и емотивна, а со децата зборувала на италијански. Инаку, по нејзиното пристигнување во Ватикан, специјално побарала од Папата за да и се организира оваа посета во болницата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *