Почетна Вести Иванов се поклони на гробот на Свети Кирил
x
x 1
x 2
x 3
x 4
x 5
x 6
x 7
x 8
x 9
x 10
x 11
x 12
x 13

Иванов се поклони на гробот на Свети Кирил

287
0

Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателот Иванов со сопругата Маја Иванова, денеска во Рим, ја посети базиликата „Свети Климент”, каде што положи венец на гробот на Св. Кирил.

Македонскиот претседател ја посети и базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што во 2015 година на негова иницијата во знак на благодарност од името на целиот македонски народ, беше поставена спомен плоча на македонски јазик во чест на словенските просветители, браќата Св. Кирил и Методиј.

Претседателот Иванов ја посети и базиликата „Сан Паоло”, каде што положи цвеќе на гробот на апостолот Св. Павле.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *