Почетна Вести Mакедонските аџии во Mека добиваат совети за претпазливост и безбедност
Mакедонските аџии во Mека добиваат совети за претпазливост и безбедност

Mакедонските аџии во Mека добиваат совети за претпазливост и безбедност

198
0

Одржувањето на редот на аџилакот во Мека досега е на високо ниво, а аџиите од Македонија постојано ги советуваме максимално да се придржуваат до наредбите на водичите и на предвидениот ред, изјавил за „Дневник“Јусуф Зимери, член на Ријасетот на ИВЗ кој е меѓу 770 аџии од наша земја во Мека спроти задутрешниот празник Kурбан- бајрам.

adzii-1Во изјавата за „Дневник“, тој наведува дека саудиските власти годинава преземаат големи мерки за безбедност за да се одбегне повторување на минатогодишната трагедија кога во човечкото стампедо загинаа 769 аџии од повеќе земји. Трагедијата се случи при ритуалот наречен „Kаменување на ѓаволот“ кој се изведува во близина на местото Мина и кога на една патека се движат сите аџии што годинава стасале во светите места на муслиманите во Саудиска Арабија.

Според процените, се очекува задутре по таа патека да поминат речиси два милиона муслимански верници.

– Сите аџии од Македонија се добро и сместени сме во еден хотел оддалечен еден километар од светото место Kабе. Џамијата ја посетуваме секој ден, а знаеме дека најкритичен ќе биде самиот ден на празник поради присуството на голем број верници. Саудиските власти преземаат многубројни мерки за безбедност, а ние постојано ги советуваме нашите верници да се придржуваат до советите на водичите, вели за „Дневник“ Зимери, кој во ИВЗ го раководи Меџлисот за фатва, односно за правилното толкување на верата.

Тој додава дека досега саудиските власти не им дале сигнал дека нешто не е во ред и дека постои некој ризик.

-Аџиите барем досега функционираа перфектно, а како ќе биде понатаму не знам, потенцира тој.

Kритичниот период настапува од недела попладне и трае се до понеделник околу пладне и кога постои опасност од масовна паника и човечко стампедо со оглед на тоа дека на патеките по кои се врши каменувањето се среќаваат илјадници верници. Заедно со 720 аџии тргнати се и 34 имами, шестмина члена на Kомисијата за аџилак како и десетчлената лекарска екипа која ќе се грижи за здравјето на поклониците. Имамите ќе бидат во функција на водичите, а останати членови тесно ќе соработуваат со саудиските власти да се одбегне опасноста од несреќата при појавата на големи турканици на верниците.

/ДНЕВНИК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *