Почетна Верски туризам Осветен првиот етно-ресторан по идеја на Бигорскиот манастир
Осветен првиот етно-ресторан по идеја на Бигорскиот манастир

Осветен првиот етно-ресторан по идеја на Бигорскиот манастир

5.56K
0

„Куќа на Мијаците“, или „Бигорски Анови“ е првиот етно-ресторан направен по идеја на Бигорскиот манастир кој има за цел развој на верскиот и селски туризам во мијачкиот крај  на Западна Македонија. Во пресрет на патрониот празник на Бигорскиот манастир „Св. Јован Крстител“, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, денеска извршил осветување на објектот.

mijaci-kuka-7

Првиот етно-ресторанот, посветен на мијачката култура и традиција се наоѓа на аголот од патот кој води кон Манастирот непосредно го регионалниот пат кон Дебар. Претставува нешто повеќе од етно-ресторан, а тоа е, всушност, еден своевиден ресторан-музеј на мијачката култура, изграден целосно во духот на мијачката неимарска традиција. „Куќата на Мијаците“ ќе биде раководена од  Јонче Николовски од Тетово.

Овој објект, кој плени со својата архитектура, изградена од камен, е целосно во духот на традиционалната мијачка култура.

mijaci-kuka-8

„Куќата на Мијаците“ е составена од приземје и два ката. Има четири гостински соби за преноќување. Другите две ката со површина од околу 500 м2 се наменети за ресторанот со повеќе простории, украсени со традиционални дрвени таваници и розети, камини, мозаици, складно разиграна орнаментика во преродбенски стил, карактеристична за мијачките простори од 19 век, старински лустери и ламби, дрвени миндери и паравани… Дополнителен принос за автентичноста на амбиентот е и тоа што келнерите и останатите вработени ќе бидат облечени во стилизирани мијачки носии.

mijaci-kuka-4

Посебна убавина на „Куќа“ ѝ даваат двата пространи отворени чардаци, едниот на приземјето, а другиот на првиот кат, кои се одликуваат со прекрасен поглед кон реката Радика и кон зелената горска шума. Исто така, пријатно и спокојно место за седење е и широката летна бавча, која се наоѓа во дворот на „Куќа “.

Освен прекрасната орнаментика, ѕидовите на „Куќата на Мијаците“ ги красат и црно-бели фотографии од истакнати мијачки духовници, војводи, преродбеници, учители, општественици, уметници…, но и од сегменти од секојдневниот мијачки живот, обичаи, носии и т.н. Сето тоа, архитектурата, ентериерот и екстериерот, внатрешната содржина, орнаментите и фотографиите, храната, музиката и амбиентот, ја прават „Куќата на Мијаците“ многу повеќе од обичен етно-ресторан; всушност, таа претставува еден вид ресторан-музеј, една своевидна спомен куќа на славното мијачко минато.

-Навистина, „Куќата на Мијаците“ дојде како еден прекрасен украс во долината на бистрата Радика, украс толку хармонично вклопен со целата природа, што човек, кога ќе ја погледне, има впечаток дека таа едноставно е срасната и сродена со сета околина и го облагородува целиот простор. Таа е место каде што човек може слободно да отпочине од секојдневните обврски и грижи, и спокојно да заплови низ минатите векови, да научи нешто повеќе за историјата на тој крај и да се насладува од прекрасната атмосфера и храна, велат од Бигорскиот манастир.

mijaci-kuka-3Целиот објект и уредувањето е изработен по идеја на Игуменот Партениј.

– Се смета дека славното мијачко племе, кое ги дало нашите најистакнати црковни, просветни, културни и општествени дејци, потекнува од некој древен царски или благороднички род. Во прилог на оваа претпоставка е и високоразвиената духовна и материјална култура на Мијаците. Низ историјата тие се одликувале со највозвишените човечки карактеристики: вера, благочестие, родољубие, целомудреност, ученољубивост, трудољубие, храброст, решителност. Напојувани од бистрите води на православната христијанска вера, тие оставиле голем и траен белег на духовната култура на македонскиот народ, што, пак, силно се одразило и на материјалната култура, потенцира архимандрит Партениј.

mijaci-kuka– На тој начин се создала една посебна мијачка култура, која се карактеризира со високи естетски дострели. До ден-денес надалеку се прикажува за посебно убавата мијачка архитектура, за уникатната, аристократска мијачка носија, за длабоките по значење народни мијачки обичаи… А тука е, секако, и традиционалната мијачка храна, препознатлива по гурманскиот префинет вкус. Мијачката куќа ја изградивме комплетно во стилот на мијачката градителска традиција, има за цел да го доближи до посетителите и гостите духот на мијачката култура од секој аспект: местоположба, амбиент, историја, храна, објаснува архимандрит Партениј.

Овој етно-ресторан е одлична можност за сите оние кои доаѓаат во посета на манастирот, но и кои организираат крштевки и венчавки, потоа со своите пријатели да уживаат и во прекрасната кујна на мијаците.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *