Архимандритот Никанор откри детали: Како владиката Петар барал средба со Вартоломеј и како се повлекол

Date:

Share post:

Архимандритот на Бугарската православна црква Никанор открива детали за наводна иницијатива на митрополитот Петар од МПЦ-ОА за организирање доверлива средба со Вселенскиот патријарх Вартоломеј во август годинава, на која требало да се разговара за условите за добивање Томос за автокефалност.

Во своето сведоштво, Никанор тврди дека за иницијативата за средба бил замолен од Оливер Анднов и дека средбата била договорена, но дека во последен момент и митрополитот Петар се откажал од учеството.

Во продолжение го пренесуваме неговото обраќање на Фејсбук во целост.

ДРАГИ МАКЕДОНЦИ!

Некаде околу 20 јули оваа година, по препорака на мои пријатели од Софија, со мене стапи во контакт г. Оливер Андонов од Македонија со молба да се видиме.

Неколку дена подоцна, заедно со својот син, дојдоа кај мене во манастирот и ми објаснија дека, во име на митрополитот Петар од МПЦ-ОА, бараат помош за да се организира доверлива средба со Неговата Сесветост Вселенскиот патријарх. На средбата требало да присуствуваат македонските архиереи Петар и Григориј, заедно со г. Андонов, за лично да се уверат што точно се бара за Црквата во Северна Македонија конечно да добие Томос за автокефалност од Фенер, како што ѝ следува.

Ме молеа ништо да не кажувам, особено не на двајца други архиереи од МПЦ-ОА, кои биле фаворити на Цариград, но владиката Петар немал доверба во нив. Исто така, и митрополитот Кирил од Имврос не требало да знае ништо.

Се израдував дека можеби конечно дошол часот и овој проблем да се реши, штом и противниците на Фенер сакаат средба со Вселенскиот патријарх. Единствено малку ми беше смешно што прашањето го сведуваа на тоа кој на крајот ќе си ги припише заслугите – не дај Боже, да не се дознае кој е заслужен. Но, си премолчав: балканска (македонска) работа, си помислив.

Очигледно, имаше Божја согласност за оваа иницијатива, бидејќи уште на 23 јули Неговата Сесветост беше известен за желбата на македонските архиереи и даде своја патријаршиска согласност за организирање доверлива средба.

До 29 јули г. Андонов веќе се беше договорил со генералниот секретар за местото на средбата, а на 30 јули датумот беше променет и конечно беше утврден за 4 август 2026 година.

Јас не учествував во директните разговори. Но, располагам со она што е потребно за да ја докажам вистинитоста на сè што овде го пишувам.

Во меѓувреме дознав дека митрополитот Григориј „се повлекол“ и дека нема да учествува на средбата, туку ќе оди само дедо Петар.

Ете, доцна вечерта на 31 јули, многу вознемирен, ми се јави г. Оливер Андонов за да ми се извини и да ме извести дека и дедо Петар се исплашил и се откажал од одењето на договорената средба со Вселенскиот патријарх во Цариград, под изговор дека преведувачот му се разболел.

Ова, драги Македонци, можам да ви го посведочам пред Бога!

Нека верува секој кому сака.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img