Почетна Вести ИВЗ ќе ги чисти џамиите од политички кампањи
ИВЗ ќе ги чисти џамиите од политички кампањи

ИВЗ ќе ги чисти џамиите од политички кампањи

62
0

Исламската верска заедница ќе го спречи вмешувањето на џамиите во политичките кампањи, пишува телевизијата АлсатМ. Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, вели дека верските објекти честопати се претвораат во средишта на кампањите и оти верата се користи за политички цели.

„Ние во објектите на ИВЗ, конкретно во џамиите, тоа ќе биде со наша одлука, нема да прифатиме наметнувања, некој да ни подготви акт и да ни каже да се потпишеме. Ние самите ќе го подготвиме текстот и самата ИВЗ ќе го потпише тој акт и истиот ќе биде испратен до сите џамии во Македонија. Ќе бараме од нив да не дозволат џамиите да се политизираат бидејќи ние не водиме политика“, изјави Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *