Почетна Коментар Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели
Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели

Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели

221
0

Исламската верска заедница го поддржа Референдумот на 30 септември и ги повика сите верници да излезат и да гласаат ЗА, затоа што на тој начин се обезбедува иднината на Македонија, а членството во НАТО ќе значи крај за ретрогардните цели

Одлуката ја долен Ријасетот на ИВЗ на денешната седница одржана на Факултетот за Исламски Науки во Скопје.

Одлуката на ИВЗ ја соопшти поглаварот Сулејман Реџепи во соопштение во форма на колумна. Ви ја пренесуваме во Целост.

По тој повод, Ријасетот на Исламската Заедница донесе одлука која што пред јавноста ќе ја презентирам јас, првиот човек на муслиманите на оваа земја кои што ја сочинуваат половината од севкупниот број на жителите на државата Македонија.

За среќа, нашиот став ќе биде спротивен од веќе јавните ставови на некои институции и структури во земјата кои што , во нај важните моменти во историјата на оваа земја, и понатаму се обидуваат да манипулираат со граѓаните, со образложение дека нашите граѓани се свесни и дека треба самите да решаваат според своите уверувања. Но, граѓаните на Македонија имаат свои политички и верски лидери кои што имаат еден идеал и една цел која што е во согласност со стремежите на нашите предци за постигнување на хармонија, среќа и благословен соживот за сите граѓани на Македонија, без оглед на нивната национална и верска припадност, Муслиманите во Македонија во значителен број се со албанска етничка припадност.

Овој народ, како и сите припадници на Исламот, од секогаш се чувствувале како заедница од втора категорија и од тој аспект отсекогаш биле дискриминирани, обесправени, злоставувани. Тоа чувство ни тежи и денес, и затоа, албанскиот народ како и сите припадници на Исламот во Македонија, скоро стопроцентно се определени за интеграција на Македонија во НАТО и во Европската Заедница, двата механизми кои што гарантираат слобода, мир, правда и апсолутно еднаков просперитет за сите.

На 30 септември имаме сенароден празник, ќе се најдеме во моментот кога треба свечено да одлучиме преку нашите плебисцитарни гласови, велејќи ДА за Договорот од Преспа кој што ширум ги отвора портите и ни го осветлува патот кон интеграцијата на нашата држава во евро-атлантските структури.

30 Септември ќе биде денот кога, дефинитивно, зад нас ќе останат сите деструктивности што со декади го оддалечувале нашиот граѓанин од неговите напори да си изгради по среќна иднина. Преку гласањето „ЗА“ на референдумот на 30 септември, граѓаните на Македонија ќе се збогуваат конечно од мрачните политички сценарија што секогаш беа на штета на Албанците и на сите муслимани во земјата, а секако и на штета на припадниците на останатите нации и вери.

Затоа, почитувани сограѓани, денес Ријасетот одлучи да апелира до сите припадници на Исламот, на 30 септември, масовно да излезат на Референдум и да кажат ДА за интегрирањето на Македонија во НАТО и во Европската Заедница. Ријасетот ќе ги задолжи сите свои структури, органи, институции како и своите вработени да бидат во постојан контакт со муслиманските верници во земјата, да ја објаснат историската пресвртница што ќе произлезе од нивното масовно гласање за интегрирање на Македонија во структурите што се гаранција за мирот, заедништвото и перспективата на земјата и општеството во целост.

Ријасетот на Исламската Верска Заедница денес одлучи, на автохтон и автономен начин да го даде својот придонес за започнување на нова етапа во нашата историја која што нема веќе да биде исполнета со болка, дискриминација и неправда, туку ќе биде почеток на нова етапа за мултиетничка, мултиконфесионална и мултикултурна Македонија во која нашето општество ќе се ангажира да се идентификува со цивилизацијските вредности на големото европско семејство.

Нашиот глас ЗА ќе ги отстрани засекогаш целите на одредени партии и разни структури што ја целат власта за да демонстрираат политичка, верска и етничка супериорност. Македонија во НАТО е крај за ретрогардните цели, за безнадежноста и за уништувањето на нашата заедничка Македонија.

Ги поканувам сите граѓани на Македонија, посебно припадниците на Исламот, да се освестат максимално, да ја разберат историската важност на овој референдум и, на 30 Септември, масовно да излезат на гласање, гласајќи ЗА Македонија во НАТО и ЗА отпочнување на пристапните разговори за интеграција во Европската Заедница.

Ријасет на ИВЗ во РМ.

Пишува: Реисул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *