Почетна Вера МПЦ-ОА Македонците од Белгија и Луксембург го чествуваа Велигден – прва Богослужба на македонски јазик со поддршка на Вселенската патријаршија
Македонците од Белгија и Луксембург го чествуваа Велигден – прва Богослужба на македонски јазик со поддршка на Вселенската патријаршија

Македонците од Белгија и Луксембург го чествуваа Велигден – прва Богослужба на македонски јазик со поддршка на Вселенската патријаршија

675
0

Стотина македонски верници синоќа го одбележаа Христовото воскресение со присуство на Велигденската литургија во „Капелата за Европа“ во Брисел.

Литургијата ја организираше Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Пророк Илија“ од Брисел.

Со литургијата богослужеше свештеникот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија, отец Жарко Ѓориевски.


Во организација на Црковниот одбор на Македонската православна црква „Св. Апостол Тома“ од Луксембург беше богослужена Велигденска литургија и во луксембуршката Православна катедрала „Св. Никола“ во Луксембург.

И со оваа литургија богослужеше отец Жарко Ѓориевски, кој од страна на Европската епархија на МПЦ-ОА е назначен за одговорен свештеник за активностите на Црквата во Белгија и Луксембург.

-За првпат Македонците во Луксембург го чествуваа Велигден на македонски јазик, со македонски свештеник… Голема благодарност за организаторите Методија Беловски и Миле Мајсторовски, како и за искрената помош од отец Панајотис (Цариградска Патријаршија).

Христос Воскресе!, напиша отец Жарко на фејсбук.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *