Почетна Вера Киро Стојанов служеше за денот на болните во Струмица
Киро Стојанов служеше за денот на болните во Струмица

Киро Стојанов служеше за денот на болните во Струмица

265
0

Свештениците од Апостолскиот егзархат и Скопската бискупија, заедно со поглаварот, Киро Стојанов, во неделата на 7 февруари 2016 година во Катедралната црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Струмица служеле света архиерејска Литургија за светскиот ден на болните.

На Литургијата присуствувал и директорката на Општа Болница Струмица д-р Анкица Ангова.

Во својата проповед, како што пичува порталот „католици.мк“, епископот Стојанов зборувал за смислата на страданието и за зборовите на Мајка Тереза.

-Да запаметиме дека во страданието не е најважна болката. Во страданието најважна е љубовта. За кого страдаме, за кого прикажуваме и на кого се прикажува нашето страдание да биде откупено за другите. Така всушност, страдалникот е Божја сила и срце на Црквата која со страданието го врши своето послание на спасението, рекол Стојанов, кој се заблагодарил за грижата, негата и љубовта кон болните лица, посебно на здравствените и социјалните работници, како и оние кои во своите домови имаат болни.

Светата Литургија била збогатена со пеењето на Катедралниот хор под водство на сестра Тереза Стојкова.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *