Почетна Вера ДИМИТРИЕВ: Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање!
ДИМИТРИЕВ: Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање!

ДИМИТРИЕВ: Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање!

106
0

dimitriev slika-Христовото воскресение е најзначајната појава во историјата на човештвото. Славејќи го овој голем ден ја славиме победата на животот над смртта, вечноста над миговноста, го следиме патот на светлината и добрината. Христос воскресна за спасение на човековиот род и со воскреснувањето ни отвори нови порти, порти низ кои треба да помине секој оној кој живее доблесно, честито и богоугодно, секој оној кој живее според неговите поуки за добар и богоугоден живот, пишува во честитката што Претседателот на Владата за спроведување на изборите, Емил Димитриев, за Велигден, ја испратил до Бискупот скопски и апостолски егзарх, Киро Стојанов и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар.

-Да го прославиме заедно овој голем христијански ден, да ги успокоиме душите со верба во Бога кој го осветлува пред нас единствениот благороден пат, патот на верата, традицијата и човековиот соживот.  Нека Бог ни принесе мудрост, добрина и меѓусебно разбирање! Нека е за многу години големиот празник! Христос воскресна, стои во честитката од Емил Димитриев.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *