Почетна Вера Осветена католичката резиденција на Водно
osvetuvanje rezidencija 8

Осветена католичката резиденција на Водно

450
0

Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин ја освети, или како што се нарекува во католичката црква ја благослови и ја инаугурираше новата бискупска резиденција во Скопје.

Заедно со Паролин во негова придружба беше и Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија монс. Киро Стојанов и апостолскиот нунциј монс. Анселмо Гвидо Пекорари.

-Среќен сум што дојде време, токму Вие кардинале, да ја благословите новата бискупска резиденција која сака да биде дом со отворени порти, а уште повеќе да биде дом со отворено срце за секој верник на оваа бискупија и егзархат, рече Бискупот Стојанов пред чинот на осветување.

-Овој град кој што тешко страдаше во земјотресот кој што се случи во 1963 година, денеска станува еден модерен европски град кој брзо се развива и станува центар на Македонија. Оваа земја е спој на Истокот и Западот и точка каде што се среќаваат различни културни струи, од стариот Рим до големите европски и источни азиски цивилизации, порача ватиканскиот кардинал потенцирајќи сека католичка заедница во Македонија има вековна традиција, без разлика на тоа што таа е мала, сепак легитимно соработува во општествениот живот носејќи ги во општеството христијанските вредности.

-Една ќерка на вашиот народ, Мајка Тереза беше протагонист на црковната грижа за човековите страдања за најсиромашните меѓу сиромасите. Таа имаше отворен дух и срце за мажите и жените од секоја раса и националност, рече државниот секретар на Ватикан.

На осветувањето присуствуваше и државниот врв на Македонија. Претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, министрите за надворешни, Никола Попоски и за култура, Елизабета Канческа Милеска, како и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиноска.

На осветувањето беа и претставници на верските заедници во Македонија. Делегацијата на МПЦ ја предводеше Архиепископот г.г Стефан.

ГАЛЕРИЈА:

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *