Почетна Вера Бискуп Стојанов: Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж
Бискуп Стојанов: Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж

Бискуп Стојанов: Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж

254
0

Велигденско послание на скопскиот бискуп и апостолски егзарх, монсињор, Киро Стојанов,

2016

Господ Мој и Бог Мој

Драги браќа и сестри, понекогаш среќаваме луѓе на улица, ocoбeно млади кои ни приоѓаат со зборовите: Исус е жив, Исус Воскресна. На тој приод не придаваме никаква важност обично одмавнуваме со раката и продолжуваме понатаму. Меѓутоа, браќа и сестри, тоа е најважната вест која може да се искаже на оваа земја, да, Исус е жив.

Набљудувајќи ги нашите Цркви редовно како знак забележуваме крст. Тоа веднаш не потсетува дека се работи за христијанска црква или, всушност, за христијанска куќа. Крстот е симбол на христијанството, но не како знак на Христовата смрт, туку како знак на Неговата победа над смртта. Овие денови често спомнуваме во литургијата – со смрт смртта ја уништи.

Апостол Павле ни порачува дека би биле вредни за жалење и најсиромашни ако Христос не воскреснеше. Кога ќе кажеме – воскресение, тогаш повеќето луѓе помислуваат на оживување на мртвите. Меѓутоа, Христовото воскресение е исчекор од овој материјален свет во еден нов исто така материјален но кој ги надминува нашите можности на испитување и искуство

Христос со воскресението ја преобрази материјата која не се однесува повеќе според нашите закони на физиката. Тој е оној истиот вистински историски Христос, но со воскресението внесува своја природа во нешто сосема ново, човек е но со својства преобразена материја.

Овие потврдувања го надминуваат нашето искуство, бидејќи ние не сме го сретнале Христос како апостолите и неговите ученици кои што можеа со допир како апостол Тома да се увери дека е тој Исус кого што тој го познаваше и по воскресението можеше да го допре. Во тој миг го исповеди најкраткото верување: Кириос ет Тхеос – Господ Мој и Бог Мој. Исус прокоментира и со тоа ни даде порака: Тома, затоа што виде поверува, блажени се тие кои не видоа а поверуваа. Блажени ние.

Браќа и сестри Велигден е врв над сите празници, но сепак ќе споменам дека тоа не е сеќавање, тоа не е споменување на нешто што поминало, туку тоа е настан кој и денес овде ни се покажува, а тоа е дека Воскреснатиот Исус сака средба со секој од нас.

За таа средба од негова страна е покажаната силна љубов кон секој човек а од наша страна вера и доверба дека сме способни да веруваме во тој нов свет кој Тој го оствари во себе.

Христовото воскресение е темел на секоја човечка надеж и смисла на нашето постоење, бидејќи јасно ни говори дека овде на земјата, во оваа ограничено изнемоштено тело не сме сосема дома.

Не очекува преобразба на телото и влез во царството на бесмртноста за кое Тој со своето Воскресение ни ја отвори вратата.

Ме редува фактот што во источната традиција нашите браќа во воскресно време се поздравуваат со зборовите на верата: Христос воскресе! Одговорот е вернички: Навистина воскресе! Така празнувајќи Велигден не го празнуваме на второто ниво, туку на првото а тоа е светот на верата. Затоа тој кој не е верник, всушност, не може да слави Воскресение.

Kiro Stojanov biskup malaЛитургијата овие денови е обнова на нашата вера и предание на Бога за да можеме во светот да бидеме сведоци на Неговата присутност.

Во тие мисли на сите христијани и тие кои сакаат да се придружат на нашето празнување, им честитам денот во кој Христос започна во светот и во нас нов живот.

Христос Воскресе!

Киро Стојанов, скопски бискуп и апостолски егзарх

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *