Почетна Вера Католичката црква служеше Света Миса за македонската независност
Католичката црква служеше Света Миса за македонската независност

Католичката црква служеше Света Миса за македонската независност

198
0

Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх, Киро Стојанов ја предводеше Светата Миса за Татковината, што Католичката црква вечерва ја служеше за денот на македонската независност.

Покрај Стојанов во сослужувањето на светата миса во Катедралната црква „Пресвето Срце Исусово“ учествуваа и скопскиот парох дон Давор Топиќ, директорот на Македонски Каритас монс. Антун Циримотиќ, бискупскиот канцелар отец Марјан Ристов и капеланот дон Јошт Мезег.

14316049_10209615470931038_1060353968_oОд претставници на државата, присутна беше директорката на Комисијата за верски заедници и религиозни групи Валентина Божиновска.

Денеска го славиме и Денот на државноста на нашата земја за која имаме толку убав збор – ТАТКОВИНА. Нашата историја не е ниту романтична, ниту лесна. Низ времето и околностите се случувале окупации, делби, поробувања. Денес, иако живееме во ситуација која не е лесна, среќни сме зашто сме свои на своето. Богољубието и родољубието се два поими кои одат заедно. Имено, ако ние христијаните признаваме дека сме Божји деца, што и инаку сме, тогаш  ниту на еден човек не можеме да му го одземеме чувството дека е од Бога повикан во живот. Татковина не е ниту територија, ниту богатство, туку татковината, тоа сме ние луѓето, како што и овој храм не е жива Црква, туку ние сме живата Црква кои во овој храм заеднички го славиме Бога. Општеството се луѓето, без луѓе не може да се оствари ниту соработка, ниту заедништво. Државноста како политичка заедница се темели врз Уставот. А Црквата во тоа општество се темели врз Евангелската заповед на љубовта. Наша христијанска должност е да бидеме свесни за тоа. Не сите граѓани на Македонија се христијани, ниту верници, ама сите сме ближни. Не поврзува фактот дека за општеството, сите сме одговорни како што сме одговорни за својот дом. Љубовта кон Татковината е и наша христијанска должност. Ниту како поединци, ниту како заедница не стоиме на страна, туку како активни градители даваме свој придонес во оваа општество со својата работа, ангажираност, љубов и почитување, порача Бискупот Стојанов во проповедта по Светата Миса.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *