Католиците во Македонија се поклонија на Св. Кирил и Методиј
Верниците на Католичката црква од византиски обред во Македонија, го одбележаа 24 мај, денот на сесловенските просветители, „Св. Кирил и Методиј“. Централната прослава била во црквата во Богданци, која е посветена на „Св.Кирил и Методиј“.
Таму света литургија служел Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх, Киро Стојанов. Воедно овој ден е и патронен празник на оваа црква.
Со епископот Стојанов сослужувал Џовани Марија Леонарди, кој ја придружува статуата Марија од Назарет, која веќе неколку дена е во Македонија и за 24 мај била во оваа парохиска црква.
– Свети Кирил и Методије заедно со Марија од Назарет бидете наши застапници пред Господа Бога за доброто на секое семејство, на оваа наша заедница и на нашата татковина, потенцирал Бискупот Стојанов.
За денот на „Светите Кирил и Методиј’ Католичката црква го прослави и патрониот празник на парохиската црква „Свети Кирил и Методиј“ во Петралинци.