Паролин се сретна со богопосветените во Македонија
Првиот ден од официјалната посета на ватиканскиот државн секретар, Пјетро Паролин на Македонија ја заврши со срдба со богопсветените лица во Македонија и ја прводеше службата на словото во католичката црква „Пресвето срце исусово“, на која присуствуваа верници на Католичката црква од сите делови на Македонија.
На католичката литургија беше и Претседателот, Ѓорге Иванов, македонскиот амбасадор во Ватикан, Звонко Јанкуловски и директорката на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска.
-Сетете се на првата Љубов и не допуштајте таа љубов да изгасне. Живејте секој ден како тоа да е денот кога по прв пат се сретнавте со таа Љубов, рекол Кардиналот поздравувајќи ги присутните верници.
-Црквата во Македонија е Црква со многу јазици, култури и нации, и токму во тоа е умешноста, сите овие различности да се искористат и интегрираат во единство. Нека различностите не бидат причина за поделба, туку напротив нека бидат причина за единство и заедништво, рекол Паролин
Службата на Словото заврши со молитва на верните, Господовата молитва и благословот од кардиналот.
ГАЛЕРИЈА: