Почетна Вести Јорданскиот принц во заштита на Христијанството
Јорданскиот принц во заштита на Христијанството

Јорданскиот принц во заштита на Христијанството

336
0

Јорданскиот принц Хасан, во една статија посветена на кризата на Блискиот Исток, истапи во заштита на Христијанството и Христијаните. Принц Хасан изјави дека Христијанството 2 илјади наназад е составен дел на животот на Блискиот Исток. Тој истакна дека Христијанството не е западна религија. Тоа се родило на Блискиот Исток и потоа како дар се распространило по целиот свет. Христијанските заедници биле составен дел од развојот на арапската култура и цивилизација.

Princ Hasan Jordan„Уништувањето на Христијанството таму каде што тоа било родено, ќе го уништи сето богатство на боите на Блиско-источниот килим и е налик на удар со чекан по нашето наследство. Реалноста е таква што ние сме сите едно соопштество, обединети со заедничките убедувања и заедничката историја“, изјави принц Хасан.

Принцот додаде дека е потресен од „одвратните напади“ на радикалните исламисти врз Христијаните. Тој ги повика сите учесници на меѓурелигиозниот дијалог „да го запрат тоа опасно сведување на ниво на омраза, самоуништување и братоубиствен конфликт“.

/БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *