Почетна Вести Обид за атентат врз поранешниот главен муфтија на Египет
Обид за атентат врз поранешниот главен муфтија на Египет

Обид за атентат врз поранешниот главен муфтија на Египет

92
0

Врз поранешниот главен муфтија на Египет, Али Гома денеска е извршен обид за атентат, при кој е ранет еден негов телохранител, соопшти египетското Министерство за внатрешни работи.

ali-gomaНападот врз Гома бил извршен во близина на неговиот дом во предградието на Каиро, Шести Октомври, во момент кога тој одел кон локалната џамија.

Според полицијата, врз 64-годишниот Гома и неговите телохранители пукале група вооружени мажи, кои по нападот успеале да побегнат.

Гома беше главен муфтија на Египет од септември 2003 до февруари 2013 година. Тој важи за голем поддржувач на поранешниот египетски претседател Мохамед Морси и неговата исламистичка организација Муслиманско братство. Морси беше соборен од власта од страна на амријата во јули 2013 година.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *