Почетна Вести Грузискиот патријарх со крштевање против абортусот

Грузискиот патријарх со крштевање против абортусот

370
0

Грузискиот патријарх, Илија II, на Водици крстил 659 деца. Групното крштевање било извршено во соборниот храм „Cвета Тројца“ во Тбилис, Грузија.

Патријархот на Грузиската православна црква уште во 2008 година најави дека тој лично ќе го крштева секое трето и секое наредно дете во семејствата во Грузија кои имаат црковен брак. Патријархот Илија II ова го најави како одговор на зголемениот број на абортуси во Грузија и намалувањето на наталитетот.

Грузискиот патријарх вели дека со неговото крштевање тој спасил многу деца од идејата за абортус, затоа што патријаршискиот благослов многумина ги отвратил од намерата да ја прекинат бременоста.

-За секое грузиско семејство е вистинска среќа за да се ородат со Светиот патријарх, бидејќи во патријархалното општетство, како грузијското, духовните врски меѓу крстениот и крстителот се исклучително ценети, велат во Грузиската православна црква.

Од таму додаваат дека Грузија денеска одбележува пораст на новороденчињата во државата. Изминатата година Патријархот  Илија II крстил повеќе од 27 300 деца. Таа бројка пак е само за трето и повеќе родени деца во едно семејство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *