Почетна Вести Благодатниот оган во првите минути е околу 40⁰C
Благодатниот оган во првите минути е околу 40⁰C

Благодатниот оган во првите минути е околу 40⁰C

240
0

Благодатниот оган во првите минути после неговото слегување е со температура од 40⁰C, и токму затоа е можно да се допира до кожата и да не ја гори, соопшти во интервју раководителот на Здружението на православни научници и настојател на храмот „Покров на Пресвета Богородица“ во Воронешката област, протојереј Генадиј Заридзе.

„Преку пирометар ја измерив температурата на Благодатниот оган веднаш после неговото слегување: тој оган го допрев до кожата и веднаш ја измерив неговата температура, и кај себе, и кај соседните луѓе кои беа веднаш до огнот, и просечната температура беше 42⁰C. Кога после 15 минути јас одново ја измерив температурата, таа веќе беше 320⁰C“, изјави свештеникот којшто многу години наназад се занимава со проучување на чудесата со помош на природно-научни методи.

BLAGODETEN 1За мерење на температурата на Благодатниот оган бил ползуван пирометар, којшто со помош на безконтактен инфрацрвен термометар ја мери температурата на површината на објектот, а објектот е една сребрена плоча со ширина од 5 мм. и дебелина од 1 мм. Бидејќи среброто е еден од најдобрите спроведувачи на топлина и ставено во оган тоа моментално ја добива температурата на пламенот.

Заридзе ја посети Светата Земја во април минатата година на Пасха, на покана на Фондот „Андреј Првоповикан“ и со благослов на Митрополитот Воронешки и Лискински Сергиј.

„Воопшто не се сомневам дека Благодатниот оган е појава на Божјата благодат, дека тој се јавува според дадената милост Божја во овој грешен свет, за поддржување и укрепување на верата“, додаде свештеникот. Исто така нагласи дека се познати многу случаи на исцеленија во времето на слегувањето на Благодатниот оган.

Свештеникот раскажа исто така, дека во 2008 година, научник од Рускиот научен центар, Андреј Волков, присуствувал на слегувањето на Огнот и со себе понел опрема којашто мерела разни спектари на електромагнетните зрачења. Тој меѓу првите, уште пред Патријархот да излезе со благодатниот оган кај народот, дознал според наодите на апаратите, дека огнот слегол, затоа што опремата регистрирала многу моќно електрично празнење.

/БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *