
Во текот на ископувањето во Галилеја била пронајдена една од најдревните синагоги во тој крај. Синагогата била откопана на територијата на една стара еврејска фарма. Тоа дека пронајденото е навистина синагога го докажува присуството на еврејските ритуални садови.
Самата синагога е со димензија 26 на 29, 5 стапки, но малку од нејзините ѕидови е сочувано. Археолозите исто така го откопале и едниот од столбовите кои го држеле покривот на синагогата.
Ова е 8 – та синагога пронајдена на територијата на современ Израел, којашто постоела во помала мерка до уривање на Вториот Храм. Притоа најпрвин слична таква синагога била пронајдена надвор од градот. Според Апостол Матеј, Исус патувал по цела Галилеја, поучувајќи во синагогите „проповедајќи им го Евангелието на Царството“.