Почетна Политичка теологија Истражување на ИПИС и религија: Речиси две третини од граѓаните се суеверни

Истражување на ИПИС и религија: Речиси две третини од граѓаните се суеверни

189
0

Речиси две третини од населението во Македонија е суеверно. 57 проценти од граѓаните со православна вероисповест во земјава практикуваат некаков вид суеверие, додека девет од 10 муслимани за себе рекле дека се суеверни.

Ова го покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања Скопје и на интернет порталот Религија.мк, кои со поддршка од Фондацијата „Конрад Аденауер“, ја анализираа перцепцијата на граѓаните за верските и религиските аспекти.

Истражувањето покажува дека Македонија е генерално религиозна држава и тоа важи како за христијаните, така и за верниците кои се припадници на исламската религија.

Кај православните христијани 54 отсто од испитаниците изјавиле дека редовно или понекогаш постат, додека кај муслиманите овој процент е многу повисок, односно дури 94 проценти одговориле потврдно.

Муслиманите во значително поголем процент имаат познавања пред се за својата, но и за религијата на другите. Осум од 10 муслимани имаат релативно добри основни познавања на Куранот и обичаите, што е случај со околу 25 до 30 отсто од православните и нивните познавања на Библијата.

Муслиманите исто така повеќе се запознати со Библијата или делови од неа, споредено со познавањето на Куранот и основите на Исламот, од страна на православните верници.

Според истражувањето, многу мал процент од луѓето сметаат дека на нив лично им била ограничена слободата на практикување на религијата и поголем дел смета дека државата е рамноправна кон верските заедници.

80 проценти од испитаниците сметаат дека можат слободно да си ја изразат својата религија, додека самое еден од десет верници одговориле спротивно.

Истражувањето “Религија и познавањето на светите книги Библијата и Куранот” било спроведено во декември на илјада 116 испитаници постари од 18 години, преку телефонска анкета. Серијата истражувања се дел од проектот „Македонија како мултиконфесионално општество“.

Сите четири досегашни покажуваа дека македонското општество, иако по структура секуларно, сепак е општество со изразена религиозна определба на населението.

/sitel

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *