Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Граѓаните не знаат што е „Мајка Црква“ – знаат дека МПЦ не смее да отстапи од автокефалноста
ИСТРАЖУВАЊЕ: Граѓаните не знаат што е „Мајка Црква“ – знаат дека МПЦ не смее да отстапи од автокефалноста

ИСТРАЖУВАЊЕ: Граѓаните не знаат што е „Мајка Црква“ – знаат дека МПЦ не смее да отстапи од автокефалноста

278
0

Фондацијата Конрад Аденауер во соработка со Институтот за Политички истражувања-Скопје и Молитвеникот за информации Религија.мк ја реализираа националната
телефонска анкета на тема “Религија-Политика-Општество: Влијанието на Религијата во Политиката и Општеството”.

Оваа анкета беше спроведена на национално ниво во текот на месец јануари 2018 г. при што опфати 1107 испитаници со намера да ја испита перцепцијата на граѓаните за тоа дали
постои и колкав е степенот на влијание кое религијата и религиозните заедници го имаат во политиката и како тоа влијае врз македонското општество.

Македонската православна црква не смее да отстапи од своето барање за признавање на афтокефалниот статус, со ваков став се високи 89% од граѓаните кои биле дел од истражвањето на јавното мислење за влијанието на верските заедници врз политиката, спроведено од Фондацијата Конрад Аденауер, во соработка со интернет порталот Религија МК и институтот за политички истражувања Скопје.

МПЦ-ОА е единствената црква која има легитимитет да ги застапува македонските православни верници. Со оваа констатација се согласилевисоки 76,1% од испитаниците, додека пак, 8% сметаат дека ПОА е црковната организација има легитимитет да ги претставува православните верници од Македонија. 7.4% пак сметаат дека тоа право го имаат и МПЦ-ОА и ПОА.

Сепак, речиси 60% од испитаниците се против регистрација на црквата на Вранишковски во Македонија, деодека пак 18 % немаат против тоа ПОА да биде регистрирана, а околу 23 % немаат став по тоа прашање.

Најголем дел  од анкетираните, или 42% сметаат дека, МПЦ-ОА признавање на својата автокефалност треба да го бара од Српската црква. Втора опција со 18.6% е Бугарската православна црква, па Руската со 6.6%, а само 4% сметаат дека признавањето на МПЦ-ОА треба прво да дојде од Вселенската Патријаршија. Интересно е што 26% од анкетираните за ова прашањ немаат став.

Без конкретен став или 26,7 % од анкетираните не знаат што точно означува терминот Мајка Црква, кој предизвика бура од реакции во македонската јавност по одлуката на МПЦ да побара признавање на својата автокефалност од БПЦ, а за возврат Бугарската патријаршија да стане нејзина Мајка црква. Во одговорите на ова прашање, само 7.6% анкетирани избрале дека Мајка Црква значи потчинување на новата црква кон мајката црква.

Иако, поголем процент односно 42,6% не го одобруваат потегот на МПЦ-ОА да бара признавање од Бугарската црква, а за возврат БПЦ да стане Мајка Црква, сепак добар процент 35,% сметаат дека овој чекор на македонските владици е исправен, што на еден начин покажува поделеност на православните верници за ова прашање.

Поделеност пак нема во одговорот на прашањето дали зад одлуката на МПЦ-ОА има политичко влијание. Високи 59,4% одтговориле дека почетокот на разговорите со БПЦ е резултата на политичко влијание, наспроти 19,8 % кои сметаат дека во целиот случај нема политика.

Во случај пак МПЦ-ОА да успее во разговорите со СПЦ за признавање на нејзиниот автокефален статус, а за возврат да треба да се случи спојување на МПЦ и ПОА во една црква, тогаш таквов расплет на настаните не би подржале 54,8% од испитаниците, , наспроти 22% кои немаат ништо против тоа, а 23% немаат конкретен став.

Религија.мк, во следниот период ќе ги објави сите резултати од ова трето истржување на КАС, ИПИС и Религија.мк

 

 

 

 

 

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *