Почетна Вести Христијанство Епископ г. Партениј му даруваше архијерејски жезол на митрополитот Тимотеј за 40 години од хиротонијата во архијерејска служба
Епископ г. Партениј му даруваше архијерејски жезол на митрополитот Тимотеј за 40 години од хиротонијата во архијерејска служба

Епископ г. Партениј му даруваше архијерејски жезол на митрополитот Тимотеј за 40 години од хиротонијата во архијерејска служба

400
0

Во посета на митрополитското седиште на дебарско-кичевска епархија во Охрид, денеска беше делегација предводена од епископот г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир, по повод претстојниот голем јубилеј на Неговото Високопреосвештенство, митрополитот дебарско-кичевски,  г. Тимотеј – 40 години од хиротонијата во архијерејска служба.

-Нашиот старец и игумен, епископ г. Партениј, во придружба со архимандрит Доситеј и сестри монахињи од сестринствата на Рајчица и на Пречиста, го посетија Владиката во митрополитското седиште на богочуваната дебарско-кичевска епархија во Охрид. На срдечната средба епископот Партениј му го честита јубилејот на г. Тимотеј и по тој повод, од името на нешто братство и сестринствата, му подари архијерејски жезол и истообразна копија на Крнинската икона на нашиот Господ Исус Христос од Манастирот Пречиста – претстава што му е особено драга на нашиот Митрополит, информираа од Бигорскиот манастир.

Додаваат дека  и братството и сестринставата ќе бидат дел од главната прослава што ќе се одржи на 3 октомври.

-Иако братството и сестринствата ќе бидат дел од главната прослава на јубилејот, на 3 октомври годинава, заедно со свештенството од епархијата, нашиот старец му ги подари жезолот и иконата на дедо Тимотеј во знак на благодарност за неговата грижа за монаштвото, за манастирите, за развојот на црковниот живот воопшто, посочуваат од манастирот.

Владиката Тимотеј ја изразил својата голема благодарност за посетата и вниманието и го испрати својот архипастирски благослов на монашките заедници.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *