Почетна Вести Христијанство Бугарски епископ присуствувал на осветување црква во делчевско
9999999999999999
9999999
8
4
2
1 (1)

Бугарски епископ присуствувал на осветување црква во делчевско

441
0

Бугарскиот епископ Тиверополски Тихон од БПЦ, вчера присуствувал на преосветувањето на реновираниот храм  „Св. Николај“ во селото Стар Истевник, делчевско. Епископот Тихон, кој по потекло од ова село, бил гостин на владиката Иларион, кој заедно со свештеници од делчевското и кочанското архиерејско намесништво, во годината кога МПЦ – ОА ја одбележува 1 000 годишнината на Охридската архиепископија, како и Јубилејот 60 години од возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на МПЦ, го преосветил овој храм и отслужи Света Архиерејска Литургија.

За време на службата, епископот Тихон од БПЦ, стоел на владичкиот трон и молитвено присуствувал на службата.

Во беседата Митрополитот г. Иларион братски Му заблагодарил на Епископот Тиверополски г. Тихон од БПЦ, за неговото присуство.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *