
АМФИЛОХИЈЕ: Ако Вселенскиот патријарх ја признае МПЦ-ОА, ќе и отвори војна на СПЦ
Евентуална одлука на Вселенскиот Патријарх да ја признае автокефалноста на МПЦ-ОА, или да го повтори украинското сценарио на Балканот, за црногорско-приморскиот митропилит Амфилохије ќе значи објавување војна проти СПЦ.
Амфилохије ова го кажал во интервју за „ТАСС“, посочувајќи дека сепак се надева дека до такво нешто нема да дојде.
-Не верувам дека моделот на украинскиот раскол може да се понови на Балканот, или во Црна Гора. Дедаиќ е разрешен од Вселенскиот патријарх. Што се однесува до Македонија, после сите случувања во Укрина, не очекувам дека со своите постапки Цариград би и објавил војна на Српската Православна Црква. По Украина е можно се да се очекува, но се надевам дека до тоа нема да дојде, изјавил Амфилохије во интервјуто за „ТАСС“.
Владиката на СПЦ во интервјуто вели дека жали што на Вселенскиот патријарх влијание за да се движи во одреден правец му врши група „недостојни млади митрополити, амбициозни луѓе„.
-Разговарав со сериозни луѓе од Грчката и други цркви, не сакам сега да ги именувам, но тие се незадоволни од тоа влијание врз Вселенскиот Патријарх. Тој е човек во години и се обидува да го зацврсти своето првенство, но во секоја смисла ја доведува позицијата на својата Патријаршија во голема опасност. Во тоа нема никаков сомнеж. На цариградскиот престол биле големи ерарси како Свети Јован Златоуст или Свети Григорије Богосло, но имало и еретици. Непогрешливи во Црквата нема, изјавил Амфилохије.