Почетна Вести Европа Ќе ја признае ли Романската Патријаршија новата автокефална црква на Украина?
Ќе ја признае ли Романската Патријаршија новата автокефална црква на Украина?

Ќе ја признае ли Романската Патријаршија новата автокефална црква на Украина?

629
0

Православната црква на Украина, која доби автокефалност од Вселенската патријаршија донела одлука за создавање на Православен Романски Викаријат во рамките на својата канонска територија, пишува „религија.мк’.

Одлуката била донесена пред три дена на Синодот на ПЦУ (православната црква на Украина), откако за тоа претходно имале барање од Романската Православна Црква.

Ова практично значи дека ПЦУ ќе им овозможи на православните верници во Украина кои се Романци, на својот мајчин јазик да можат да ги остваруваат своите верски права.

Во соопштението на ПЦУ, стои дека на овој начин, со оваа одлука за создавање на романски Викаријат, ПЦУ одговорила позитивно на барањето од Романската Патријаршија.

Оваа вест навестува многу важна иднина за Православната автокефална црква во Украина. Создавањето на овој Викаријат го отвора патот за признавање на ПЦУ од страна на Романската Православна Црква, што пак ќе значи голем удар за Руската Патријаршија и огромно охрабрување на Вселенската Патријаршија.

Романската Православна Црква е една од повлијателните во Православието, но не е дел од блоковите кои што под свое влијание ги имаат Руската Патријаршија или Вселенската Патријаршија. Романската Патријаршија усшено успева да биде црква надвор од политичките блокови, а воедно и една од православните цркви со најразвиен социјален елемент.

Ако се случи Романската патријаршија да воспостави канонско единство со новата автокефална црква на Украина и тоа меѓу првите православни цркви, тоа ќе значи голема поддршка за ПЦУ.

Добро е да се забележи дека МПЦ-ОА со години има коректни и пријателски односи со Романската црква, и со дел од владиците на Романската Патријаршија. Некои од нив биле и во неформална посета на Македонија, а во посети на Романија бил и Архиепископот г.г. Стефан.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *