Почетна Коментар Животот на човекот и разбрануваното море
Животот на човекот и разбрануваното море

Животот на човекот и разбрануваното море

485
0

Различно време, различни побуди, различни хаварии, но смртта е иста. Ако сакаме да пловиме, ако сакаме да чекориме низ животот, потребен ни е добар капетан (духовник), кој пловел претходно, кој има искуство, за да не се удавиме и двајцата. Тој пред се, треба да ни биде водич за духовниот живот, а потоа и низ секојдневното наше живеење.

На секое занишување на бродот, духовникот треба да го исправа курсот, и да не штити. Зашто, колку повеќе пловиме, длабочините се се поголеми, а и падот е пострашен бидејќи се одалечуваме од сите, од плажата и од блиските. Сепак, тогаш мирот е поголем, нема бука, нема расеаност, очите не играат, чуствата спламнуваат, доаѓа единствената борба, сам со себе.

Но само кога Бог ќе ги тргне облаците, ќе видиме зрак од Божествената светлост. Значи, без разлика на нашиот труд, искушенија (брановите) понекогаш се поголеми и ќе ги надминуваме само со благодатта Господова. А тоа значи Бог погледнал на нас, бидејќи на тие што ги љуби им допушта поголем бран (искушенија).

И потребно е смирение за повторно да се искачиме, На почетокот иако има многу луѓе во морето не треба да им обрнуваме внимание. Најдобриот и наједноставниот пат е тој. А кога ќе наидеме на сопка од нив, со смирение, прошка и кротост продолжуваме, за да стигнеме до чамецот.

После забрзуваме, но внимаваме да не се удавиме. Црквата, Евхаристијата, богослуженијата… се само елекот за спасување, како веслата, или како моторот на чамецот, но Бог одредува кој со кое темпо ќе напредува во духовниот живот.

Пишува: Александар Тимчевски

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *