Почетна Вести За аџиите во Мека се грижат 26.000 здравствени работници
За аџиите во Мека се грижат 26.000 здравствени работници

За аџиите во Мека се грижат 26.000 здравствени работници

186
0

На идните аџии, околу два милиона, кои стигнаа во Саудиска Арабија за да го извршат верскиот обред аџилак, на располагање им стојат 26.000 здравствени работници во 26 болници и 158 здравствени центри, јавува Anadolu Agency (AA).

lekari-adziiШефот на Заводот за здравство во Мека и претседателот на здравствената делегација во организација на аџилакот 2016 година, Мустафа Белџун, изјави дека ги покриле сите места, како верските, така и аеродромите во Мека и Медина и дека даваат бесплатна помош. Д-р Белџун во болницата Мина за АА изјави дека ги разгледале жалбите и реакциите од претходните денови и дека работат на тоа да ги поправат и тие да не се повторуваат.

Според неговите зборови, аџиите се примени откако се извршени сите потребни контроли.

„Имено, работевме на тоа сите места да бидат покриени кога се во прашање здравствените услуги. Во рамките на оваа организација, 26.000 здравствени работници и 158 здравствени центри се на услуга на идните аџии. Во овие болници имаме 6.000 кревети. Имаме и 871 возило, мали и големи, кои се подготвени за пренесување на аџиите во болниците. Исто така, имаме и 38 летала“, појасни Белџун.

Според него, сето тоа го работат во координација со партнерските земји чии државјани се на аџилак.

/A.A

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *