Почетна Вести Регион Вселенскиот патријарх во Атина на средба со грчкиот архиепископ
Вселенскиот патријарх во Атина на средба со грчкиот архиепископ

Вселенскиот патријарх во Атина на средба со грчкиот архиепископ

144
1

Вселенскиот патријарх г. Вартоломеј денеска го посети архиепископот Атински и цела Грција г. Јероним. Патријархот престојува во официјална посета на Атина, по официјална покана од Грчката црква.

Патријархот ја изрази својата радост што е во Атина и се заблагодари на Архиепископот и Светиот Синод за поканата.

-Посакувам и молам Господ да бара од нас секогаш да чекориме во мир, меѓусебна љубов и добра соработка за доброто на Црквите, доброто на православието и доброто на грчкиот народ, изјавил Вартоломеј.

Архиепископот од своја страна ги пренел желбите на сите членови на Синодот и Архиерејството и ја изразил својата радост за оваа посета.

-Ве пречекуваме со многу љубов и посакуваме Господ да ве зајакне, да ви даде сила, среде многу тешкотии, секогаш да имате храброст и сила да се носите, како што сте постигнале досега“, изјавил архиепископот.

Утре претпладне во Атинската митрополитска црква ќе се отслужи литургија за празникот Успение на Богородица.

За време на престојот на Вселенскиот Патријарх во Атина, од 20 до 25 ноември, предвидени се негови средби со државните претставници, како и настани во име на различни тела во негова чест. За време на овие настани строго ќе се почитуваат соодветните санитарни мерки за заштита од ширење на коронавирусот.

Коментар(1)

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *